Скакулци можат да остават разорна трага на органска градина и ако не се справиме брзо со ситуацијата ќе имаме голем проблем. За среќа, нивниот број може да се контролира на сосема природен начин.
Скакулците можат многу брзо да уништат градина. Имено, секој ден можат да јадат околу 50% од својата тежина. Без разлика во каков животен циклус се наоѓаат, тие без милост ќе ги џвакаат стеблата и листовите на растенијата. Ако нивниот број не се контролира, може да предизвикаат сериозна штета.
Постојат неколку природни лекови кои можат да се користат против скакулци, а овие два што ќе ги претставиме ги имаме сите по дома.
Спреј со лук
Мирисот на лук може да помогне да се одвратат скакулците и другите вообичаени градинарски штетници. За да подготвите раствор од лук, треба да здробите 5-6 чешниња лук и да ги прелиете со 3-4 чаши вода, а потоа да загреете додека не зоврие. Оставете го препаратот да отстои преку ноќ.
Потоа се цеди, а пред нанесувањето треба да се разреди во сооднос од еден дел од препаратот лук и три дела вода. Растворот се прска врз листовите на растенијата кои се нападнати.
Задолжително испрскајте ја и долната страна на листовите.
Брашно против скакулци
Брашното ќе ги убие скакулците со тоа што ќе ги изгладне. Имено, кога скакулец ќе изеде лист со брашно, тоа му го гумизира оралниот апарат, го оневозможува да јаде и на крајот умира од глад. Тоа е сурово, но тие се сурови и кон растенијата, бидејќи не ги оставаат додека не ги уништат. Можете да користите какво било пченично брашно, а треба да се посипете со тенок слој над растенијата.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.