Експертите не препорачуваат конзумирање на оваа храна пред да влезете во вода. Храна што треба да ја избегнувате на плажа или базен.
Сите сме слушнале за правилото да не се влегува во вода барем половина час после јадење, а покрај тоа постојат одредени намирници кои треба да се избегнуваат пред пливање на плажа или базен.
1. Зачинета храна
Со оглед на тоа што нашето тело е претежно во хоризонтална положба додека пливаме, проблем може да биде рефлуксот на киселина. Топлата и зачинета храна може уште повеќе да го искомплицира овој проблем. Затоа избегнувајте пиперки, сосови и друга слична храна.
2. Газирани пијалоци и овошни сокови
Оваа храна лесно може да предизвика надуеност и грчеви, па затоа би било идеално наместо тоа да пиете обична вода. Овошните сокови и газираните сокови содржат состојки кои вршат притисок врз желудникот, што може да го отежне пливањето.
3. Алкохолни пијалоци
Пиењето пијалоци што содржат алкохол ја намалува вашата способност за реакција, што може да биде доста ризично кога ќе влезете во вода. Најбезбедно би било целосно да избегнувате алкохол пред да влезете во вода.
4. Мешунките
Мешунките, како што се гравот и грашокот, содржат многу влакна кои генерално се добри за целото тело, особено за дигестивниот тракт. Но, тие исто така можат да предизвикаат надуеност, грчеви и запек.
5. Енергетски пијалоци
Енергетските пијалоци не се наши сојузници кога станува збор за здравјето и може да доведат до гадење или дијареа додека сте во вода. Дополнително, постои ризик од дехидрирање поради големото количество шеќер и натриум што го содржат.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.