Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

12.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро ВестиСкакулци пустошат низ руските полиња

    Скакулци пустошат низ руските полиња

    Скакулци ги пустошат и руските полиња, а на Сардинија ќе зафатат 60 илјади хектари. Извештаите од терен велат дека дополнителен проблем е тоа што е невозможно да се пристапи кон хемиска контрола, бидејќи во близина има водена зона.

    Климатските промени, топлотниот бран и сушата донесоа проблеми со штетниците кои се прилагодени на вакви услови. Најдобар пример се скакулците, претставници на инсекти кои се појавуваат во суви области.

    Роевите уништуваат се пред себе и речиси и да нема растителни видови кои не ги користат за храна. Штетата е исклучително висока.

    Зафатен е регионот Краснодар

    На територијата на Краснодарската област, на југозападот на Русија, има вистинска  инвазија на скакулци, објави 93.ru. Станува збор за површина од околу 1,5 илјади хектари. Роеви од инсекти ги напаѓаат полињата во Прекавказија во регионот Приморски-Ахтир.

    Извештаите од терен велат дека дополнителен проблем е што е невозможно да се пристапи до хемиско сузбивање, бидејќи во близина има водена зона каде е забранета употреба на пестициди. Мерките кои претходно беа спроведени се покажаа како неефикасни.

    Очевидци раскажуваат дека роевите создаваат облаци кои се спуштаат на површините каде што јадат растенија. Локалните екологисти дознале дека овој вид инсекти се појавил порано од вообичаено. Потиснувањето беше извршено покрај патишта и полињата, но очигледно тоа беше недоволно.

    Ја освоија и Сардинија

    Големиот проблем со овие инсекти продолжува на италијанскиот остров Сардинија, објави Ројтерс. Проблемот трае веќе неколку години, а сега се предвидува дека ќе бидат зафатени 60.000 хектари. Тоа е двојно повеќе од минатата година.

    Земјоделството таму е пред колапс, бидејќи ова е најголемата инвазија во последните 30 години. Целото производство е оневозможено, а штетите се исклучително големи. Тие станаа вистинска закана за опстанокот на луѓето во оваа област.

    Една од нив е Рита Толу, на чии ниви во април се спушти облак од скакулци, а во наредните денови остана без сточна храна. Успеала да собере само мало количество луцерка и сено, но не доволно за да ги нахрани овците. 

    Како изгледа инвазијата во Русија погледнете во видеото: 

    Скакулци пустошат низ полињата

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img