Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

10.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

More
    домаАгро ВестиВишок компири во Европа иако сушата може да го намали приносот

    Вишок компири во Европа иако сушата може да го намали приносот

    Сушата и недостатокот на врнежи ги намалија приносите во јужните области на Европа. Но, неодамнешниот дожд на север сепак имаше позитивен ефект врз ова производство па се соочуваме со “вишок компири во Европа”.

    Се очекуваше дека површината под компир во северозападна Европа ќе се зголеми во просек за два отсто во 2022 година и дека вкупната површина ќе достигне 507.300 хектари, се вели во извештајот на  NEPG , кој ги собира одгледувачите во тој дел на континентот. 

    Ова првенствено се однесува на најголемата: Белгија која има 92.558 ha под оваа култура, Германија со 185.800 ha, Франција со 156.162 ha и Холандија со површина од 72.816 ha. Во почетните фази, посевите добро напредуваа. Но веќе почнаа да се забележуваат ефектите од сушата и недостатокот на влага во почвата.

    Падот е веќе забележлив 

    Во извештајот на Европската комисија за месец јуни беа објавени податоци за просечни приноси од 35.700 кг/ха. Тоа претставува зголемување во однос на петгодишниот период кога изнесуваше 34.000 кг/ха.

    Приносот во Холандија достигнува 44.200 кг/ха, што е за 5,7 отсто подобро од податоците забележани во последните пет години, кои изнесуваат 41.800 кг/ха. Франција проценува 42.700 килограми за 2022 година, со зголемување од 3,3 отсто. Просечното производство во Шпанија во јуни изнесувало 32.300 кг/ха, што е за 1,6 отсто повеќе од просекот во петгодишниот период. Според наведените податоци, забележително е намалување во однос на мајскиот извештај поради ефектите од топлотниот бран, сушата и недостатокот на врнежи.

    Во Германија сушата ги намали приносите и ги зголеми цените

    Според податоците на Европската комисија, просечниот принос во Германија во јуни е проценет на 41.900 кг/ха, што е за 4,6 отсто повеќе од петгодишниот просек. 

    Agrarheute  известува дека бербата на рани клубени од компири започнала во Шлезвиг-Холштајн и дека квалитетот е добар. Се пласира директно на пазарот, а потрошувачката цена се движи од 0,99 до 2,99 евра за килограм. Се одгледува на 450 ha, а вкупната површина е 6.000 ha. За оваа северна област се очекува добар принос, бидејќи родот добро се развива.

    Меѓутоа, во другите германски региони ситуацијата е подраматична. Сушата го намали приносот. Најпогодена беше Долна Саксонија, која е најголемиот производител. Количината на врнежите во јуни е намалена за речиси 50 отсто. Наврнале само 40 литри на 1 m² наместо очекуваните 76 литри.

    Ефектот од топлотниот бран влијаеше на зголемувањето на производната цена на раниот компир и таа сега изнесува 39,12 евра/дт (1 децитон е 100 кг, оп.а.), што е за 4,49 евра повеќе од минатата недела. Industrial на фјучерс пазарот за ноември се тргува по цена од 15,33 евра/dt.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img