Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

More
    домаАгро ЗабаваЗимница од лубеница

    Зимница од лубеница

    Зимница од лубеница – Лубеницата е вкусен сладок зеленчук, но е и многу здрав. Едно парче лубеница обезбедува дури 25% од дневната потреба за витамин Ц. Витаминот Ц е важен за здрави заби и непца, помага за апсорпција на железо, за одржување на здравјето на сврзното ткиво на кожата, имунолошки функции и заздравување на раните.

    Ние јадеме лубеница во лето, но замислете лубеница во секое време од годината. Овој рецепт ќе ви овозможи да го направите тоа.

    Зимница од лубеница – рецепт и подготовка

    Ќе ви требаат  :  2,5 кг лубеница, 1 литар вода, 3 лажици шеќер, 2 лажици сол, 60 мл оцет, зрна црн пипер, ловоров лист.

    Готвење:  Измијте ја лубеницата, исечете ја на парчиња кои погодно ќе ги наредите во тегли.

    Наредете ги парчињата лубеница во теглите, ставајќи бибер и ловоров лист меѓу слоевите. Истурете врела вода и оставете ги да отстојат 5 минути покриени со чисти капаци.

    После тоа, внимателно истурете ја водата од теглите во лонец и варете, додавајќи сол и шеќер. Варете ја маринадата 5 минути со мешање и ставете го оцетот на самиот крај.

    Истурете ја топлата маринада во теглите со парчиња лубеница и веднаш затворете ги капаците.

    Свртете ги теглите наопаку, завиткајте ги во крпа и оставете ги целосно да се изладат во оваа форма. После тоа оставете ги на темно место со изедначена температура и вашата зимница од лубеница е готова.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Сезер – Молзачка опрема
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Црн орев – богат со јод
    spot_img
    spot_img
    spot_img