Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

21.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

More
    домаАгро ВестиВелика Британија им плаќа на земјоделците да престанат со производство

    Велика Британија им плаќа на земјоделците да престанат со производство

    Постарите земјоделци не можат да се прилагодат на новите барања. Околу 75 отсто од земјоделците се заинтересирани да ги земат парите и да престанат со производство.

    Владата на Велика Бритнија воведе нова програма која им нуди на земјоделците рамна, фискална готовинска исплата за запирање на конвенционалното земјоделство, производство на храна и продажба на нивната земја, објави Natural News.

    Програмата се нарекува „Основна шема за плаќање“ и има за цел да ја исполни агендата на зелената политика. За разлика од холандската влада, која сака да спроведе реформи под притисок, во ОК се одлучија за поинаква тактика. Оние кои ги прифаќаат парите мора или да се пензионираат или да заземат друга работа одобрена од владата. 

    Дали повозрасните се проблемот?

    Тие наведуваат дека постарите земјоделци не можат да се прилагодат на новите барања и дека оние кои не сакаат да ги променат своите земјоделски методи може да се откажат од своето производство или да ја продадат својата земја. Новите фармери ќе прифатат алтернативни, еколошки техники.

    Се тврди дека постарите земјоделци стојат на патот на зелената агенда бидејќи кај нив нема промена и не може да се оди напред. Многумина се во големи долгови и единствениот излез го гледаат во понудата на Владата.

    Земјоделството во Велика Британија со години слабее, што особено може да се припише на епидемијата на Ковид-19. Многумина ќе ги загубат своите работни места поради проблемите во синџирот на снабдување, како и пазарната корупција и вртоглавата инфлација. 

    75 отсто се заинтересирани

    Со постојаното зголемување цената на горивото, ѓубривата и сите други земјоделски инпути, станува невозможно да се преживее. Земјоделците се принудени да ги напуштат фармите и семејните бизниси.

    Истражувањето спроведено од Здружението на фармерите на од Англија покажува дека околу 75 отсто од нив рекле дека се заинтересирани да ги земат парите, да го напуштат земјоделството и да ја продадат својата земја.

    По овој пат тргнаа и во други земји. Во некои случаи, Холандија нуди да го купи имотот. Слично е и во Канада и Италија, а слични потези се најавуваат и во други земји.

    Има и критики за активностите на владата кои нудат таканаречени, високо надуени фиат валути (парите што ја покриваат нивната вредност не се во ниту еден конкретен имот како злато или сребро, туку нивната вредност е дадена со гаранција на институцијата што ги издава), кои се на работ да бидат фрлени и да станат безвредни во замена за материјални добра како што е земјоделското земјиште.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Црн орев – богат со јод
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Складирање на органски производи по бербата
    spot_img
    spot_img
    spot_img