Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеБилки кои го штитат вашиот црн дроб - дел 2

    Билки кои го штитат вашиот црн дроб – дел 2

    petel baner

    Некои од најчестите заболувања на црниот дроб се цироза, хепатитис, замастен црн дроб, хемохроматоза и рак. Заради превентивна заштита , дефинитивно се препорачуваат билки кои го штитат вашиот црн дроб со природно стимулирање на физиолошките функции.

    Куркумата е докажан антиоксиданс

    Куркумата е повеќегодишно тревно растение од семејството на ѓумбир (Zingiberaceae), од чии корени се добива истоимениот зачин, со ароматичен врелогорлив, малку горчлив и смолест вкус. Таа е зачин кој се користел уште од античко време, поради неговиот вкус, голема количина на антиоксиданси и антиинфламаторни и антисептички својства. Во последните години, научниците открија нови добри својства на куркумата, меѓу кои е и одржувањето на здравјето на црниот дроб. Куркумата е создадена во топлите и влажни тропски региони на Југоисточна Азија. Стеблото е исправено, разгрането, расте до 1 m во висина.

    Otkup na kompiri

    Се размножува со семиња или вегетативно. Може да се користи целото растение иако најмногу се користи ризомот од кој се добива прашок кој се користи како зачин (кари) и прехранбена боја.

    Има благотворно дејство за функционирањето на црниот дроб, излачувањето на жолчката, го намалува нивото на холестерол, може да се користи за слаб апетит и варење. Коренот ода куркума содржи до 7% есенцијално масло, кое се состои од сесквитерпенски кетони турмерон и ар-турмерон (повеќе од 60%) и сесквитерпен зингиберен (околу 25%). Секако најважно е да се споменат фенолните антиоксиданси-куркуминоиди на кои им припаѓа куркуминот. Содржи, покрај куркумин, шеќери, протеини и малку масти. Куркумата има антиоксидативно и хепатопротективно дејство, поради што се препорачува во секојдневната исхрана. Се препорачуваат 3 g во прав дневно во храната.

    Куркума
    Чај од куркума

    Во 1 литар зовриена вода додадете 1-2 лажички рендана, мелена или во куркума во прав. Смесата треба да се вари 10 минути, по што растворот се процедува и се остава да се излади 5 минути.

    Глуварчето е омилен состав на чаеви за детоксикација

    Глуварчето (Taraxacum officinale Weber) е повеќегодишен тревнат вид од фамилијата Asteraceae. Покрај многу вкусната салата во рана пролет, глуварчето е и одлично лековито растение.

    agrounik

    Целото растение е отпорно на ниски температури и презимува без оштетувања. Сите делови содржат млечно бел сок со горчлив вкус. Коренот и листот на глуварчето содржат горчливи материи (тараксацин), тритерпени, сесквитерпени, фитостероли и инулин. Коренот изваден во есен или рана пролет содржи поголема количина на инулин, а пролетните листови содржат холин. Растението содржи и тритерпени, флавоноиди, фитостероли, кофеинска киселина, каротеноиди и минерални материи. Поради високата содржина на горчливи материи, глуварчето се користи за подобрување на апетитот. Листот се користи како добар диуретик, па често се комбинира со некои други видови во чаевите за детоксикација. Се користи и за проблеми со црниот дроб, лошо варење), гихт, за подобрување на работата на панкреасот и за лекување на кожни болести.

    Чај од глуварче

    Една до две лажички исечкано суво глуварче се прелива со 1/4 l ладна вода, се загрева и се остава да се вари една минута. По 10 минути стоење, чајот мора да се процеди.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Мешавина од чај за подобро функционирање на црниот дроб, жолчниот меур и цревата
    • Корен и лист од глуварче 40 гр
    • Корен од водопија 40 гр
    • Корен на корен од анасон 20 гр

    Во две кафени лажички од смесата прелијте околу 200 мл свежо зовриена вода и измешајте. Покријте го садот. Оставете ја смесата да отстои 10 до 15 минути.

    ВАЖНО: Пред било каква употреба на природни препарати, секогаш прво консултирајте се со вашиот лекар.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img