Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиСуша на светскиот пазар на млеко - помалку крави во Европската унија

    Суша на светскиот пазар на млеко – помалку крави во Европската унија

    petel baner

    Високите цени нго спречуваат растот на европското производство. Што се случува на светскиот пазар на млеко?

    Сè помалку млеко има на меѓународниот пазар, пренесува Аграреуте. Производството е помало од истиот период лани, а промената во овој сектор е едвај видлива. Тоа доведе до извонредно поскапување на млечните производи.

    Otkup na kompiri

    Американското Министерство за земјоделство (USDA) ја намали проценката за 2022 година. Се очекува производството на сирово млеко во тековната година да достигне 545,2 милиони тони за 18-те земји кои се разгледуваат. Ова е за 4,2 милиони тони помалку отколку што беше прогнозирано во декември. За прв пат се предвидува дека глобалното производство на оваа храна ќе се намали во однос на претходната година за неколку стотици илјади тони.

    agrounik

    Помали количини од Австралија, Нов Зеланд и ЕУ

    Големите извозници имаа помали количини за преработка. Поради поповолните временски услови и пасиштата во Австралија и Нов Зеланд, може да се очекува закрепнување на производството. Со 21,88 милиони тони ќе остане нешто под нивото од претходната година во Нов Зеланд. Во Австралија ќе се намали за три отсто на 8,73 милиони тони, покажуваат податоците.

    За Европската унија се  очекува намалување од 1,9 отсто на 142,3 милиони тони. Ова се должи на намалување на бројот на крави, нагло зголемување на трошоците и регионално послабо снабдување со добиточна храна поради сушата. Се очекува дека во САД во 2022 година ќе остане малку под нивото од претходната година. Растот на количините ќе биде поголем во Кина и Индија поради поголемиот број добиток.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Скапо производство во Европа

    Европската комисија презентираше прогноза за краткорочниот развој на пазарот за оваа храна. Испораките на кравјо млеко во млекарниците во 2022 година се очекува да паднат за околу 900.000 тони, или 0,6 отсто, на 144,2 милиони тони во споредба со претходната година.

    Помалата понуда на суровини ќе биде одговорна за намалувањето во Германија, Франција и Холандија, додека ќе се зголеми во Полска и Австрија. Комисијата во својот извештај наведува дека високите трошоци за производство и недоволното количество храна за животни ќе го забават растот и покрај високите цени на производителите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img