Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро ВестиПовторно се појавија кругови во житото

    Повторно се појавија кругови во житото

    petel baner

    Златните полиња во англискиот Вилтшир се украсени со четири интересни кругови во житото кои уште еднаш ја заинтригираа јавноста.

    Деновиве, каналот на YouTube Stonehenge Dronescapes објави видео кое сними импресивни воздушни глетки од кругови во житото. Тие се појавија во близина на малото село Вест Стоуел во англиската област Вилтшир. Златните полиња ги красат четири интересни кругови кои уште еднаш ја заинтригираа јавноста, особено оние кои веруваат во разни мистерии. 

    Овој феномен првпат е забележан во 70-тите години на минатиот век, токму во Англија. Врвот на ваквите случаи беше во 80-тите години, се појавија и во 90-тите и подоцна, но спорадично, во САД, Австралија и на други места во светот. 

    Вонземјани или? 

    Многумина видоа вонземски активности во нив, а Артур Кларк ги опиша во својата книга Мистерии на светот, заедно со други чудни, тогаш необјаснети настани. 

    Тајната на англиските кругови беше откриена во септември 1991 година кога британскиот весник „Today“ објави сторија на насловната страница со наслов „Мажите кои го измамија светот“, откривајќи дека двајца пријатели од Саутемптон тајно направиле повеќе од 200 примероци во текот на претходната деценија.

    Даг Бауер, тогаш 67, и неговиот пријател Дејв Чорли, 62, му признаа на новинарот Греам Броу дека кон крајот на 1970-тите почнале да користат дрвени штици со јажиња прикачени на секој крај за да ги притиснат круговите. Со раце ги држеа јажињата, а со стапалата ги притискаа даските. На крајот на краиштата, тие со забава гледаа како нивните лудории, за кои никој не знаеше, привлекуваат огромно медиумско внимание, а имитаторите ширум светот почнаа да ги копираат, пишува The New York Times. 

    Agrobot

    Без разлика на се, круговите сè уште привлекуваат големо внимание, а дефинитивно треба да се спомене филмот „Signs“ на култниот режисер M. Night Shyamalan со Мел Гибсон во главната улога. 

    Не влегувајте во полињата

    И додека некои гледаат убавина, други јасно гледаат штета. Така, на Фејсбук страницата Stonehenge Dronescapes, кога објавуваат фотографија од овогодинешните кругови на земјоделските култури, има и такви кои коментираат дека земјоделците не сакаат луѓето да влегуваат во нивните ниви.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    „ Во моментов, „положената“ култура сè уште може да се жнее, но ако луѓето одат по неа, нема да можат повеќе. Ние сме во криза со храна “, предупредува Пол Тимлет.

    А како изгледаат круговите од воздух, погледнете во видеото: 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img