Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаАгро советиТајбери - изглед на малина, вкус на капина

    Тајбери – изглед на малина, вкус на капина

    petel baner

    Како настанала тајбери, како се одгледува и кои се карактеристиките на плодот, можете да дознаете во следниот текст.

    Тајбери припаѓа на овошни видови бобинки и е хибрид создаден со вкрстување на малина и капина. Се карактеризира со многу големи плодови со просечна тежина од 7 – 11 грама, должина 3,5 – 5,0 и ширина 2,0 – 2,5 cm. Бојата на плодот варира од темно црвена до темно виолетова. Изгледот на овошјето наликува на малина, додека вкусот е сличен на капина.

    Може да произведе од 20 до 25 тони плодови на еден хектар. Станува збор за овошен вид кој е интересен за аматерски овоштарници и за одгледување на домашно земјиште. За успешно одгледување, се препорачува одгледување во пергола, како кај капините или малините. Постигнува добри резултати на сончев и добро растресит терен, а за одржување на родот пожелно е да се нанесува ѓубре секоја втора или трета година.

    Тајбери добро поднесува ниски температури и доцна цвета, така што нема опасност од доцни пролетни мразови. Цветовите се бели и поголеми од плодовите на капините. Тој е самоопрашлив овошен вид, затоа не му треба опрашувач. Ноз за време на цветањето пожелно е да се внесуваат пчели за подобро опражување и поголеми и поквалитетни плодови.

    Agrobot

    Садење

    Се сади на растојание од 2,0 – 2,5 m по ред и со меѓуредно растојание од 3,0 m. Столбовите мора да се постават на растојание од 5-7 метри, во зависност од материјалот (дрвен, бетон или метал). Висината на столбовите над земјата треба да биде околу 2 метри. Потребно е да се постават 3-4 реда галванизирана жица за потпора, при што првата жица е поставена на 0,6 m. од нивото на земјата. Жицата се користи за правилно врзување и оптимално распоредување на ластарите на решетката, за тие да бидат оптимално изложени на сонце и да може полесно да се бере плодот.

    Кастрење

    Кастрењето во родот и одржувањето на плантажите е исклучително едноставно и е многу слично на она на капините. Се изведува со отсекување на сите ластари што вродиле со плод по бербата со остри ножици на земја, вадење од плантажата и палење. Младите ластари од сегашната вегетација се распространуваат покрај решетката напролет и вродуваат со плод следната година.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Отпорен на болести

    Отпорен на болести и штетници, така што може да се одгледува без употреба на хемикалии. Во зависност од климатските услови и надморската височина каде што се одгледува, плодовите се спремни за берба на почетокот на јули. Бербата се врши неколку пати во зависност од созревањето на плодовите и трае околу еден месец, а доколку временските услови се поволни и подолго.

    Овошјето се користи за производство свежо, замрзнато или како преработен производ. Од преработени производи најчесто се произведуваат сок, џем, слатко и од неодамна многу квалитетно и ценето вино. Покрај хранливите својства, докажани се и лековитите својства на овој овошен вид.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img