Покрај растенијата на кои им е потребно закрепнување, со ова решение кое прави чуда можете да ги третирате и здравите цвеќиња.
Топлите простории и температурните промени во голема мера влијаат на многу растителни видови, па може да се случи цвеќињата наеднаш да почнат да венеат.
Доколку сакате и во преодниот период вашиот дом да биде полн со бујни растителни видови, тоа можете да го постигнете со едноставно решение кое прави чуда и кое е направено од неколку состојки кои веќе ги имате дома.
Потребна ви е кора од една банана и лушпа од едно јајце.
Двете состојки сомелете ги во блендер или сецко, додадете вода и со овој раствор прелијте ги сите млади растенија. Резултатот ќе биде видлив веќе следниот ден.
Покрај растенијата на кои им е потребно закрепнување, со ова решение можете да ги третирате и здравите цвеќиња, кои ќе станат уште поубави, бујни и луксузни.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.