Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаситеБосилек - божји дар за луѓето

    Босилек – божји дар за луѓето

    Босилек – препознатлив по прекрасниот мирис, а има и многу лековити својства.

    Древните народи сметале дека босилекот позитивно влијае, како врз телото, така и врз духот. Современите испитувања потврдуваат дека босилекот благотворно делува врз психата од луѓето бидејќи има смирувачко дејство. Затоа се препорачува како природен лек против стресот и нервната напнатост, настанати од секојдневните грижи и притисоци.

    Посебно се препорачува за луѓе чија професија бара голем интелектуален напор затоа што придонесува и кон подобро памтење.

    Босилекот исто така, ги спречува и симптомите на настинка, како што се кашлица и болка во градите. Го зголемува апетитот и ја смалува надуеноста во стомакот.

    Пожелно е да се користи против цревни воспаленија и воспаленија на уринарните патишта. Народната медицина го препорачува босилекот за доилките, за подобро излачување на млекото.

    Како зачин босилекот дава вкус на јадењата, го подобрува варењето на тешка храна и штити од крварење. Готвачите го препорачуваат како додаток на јадења од компири, пченка, карфиол и модар домат.

    Во медитеранската кујна претставува основен дел на сосови и преливи за јадења со тестенини. Сушениот босилек има посилен вкус од свежиот, па треба да се додава на манџи и разни други јадења од зеленчук, како што е грашак и грав, но и во салати и намази.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Брашно од коприва
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Мерна станица за смарт земјоделство во Кавадарци
    spot_img
    spot_img
    spot_img