Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаАгро ВестиСе намалуваат цените на храна во светот

    Се намалуваат цените на храна во светот

    petel baner

    Цените на храна во светот значително паднаа во јули.

    Светските цени на прехранбените производи се намалија под влијание на падот на цените на житариците и растителното масло.

    Откако го достигнаа највисокото ниво во март по почетокот на руската инвазија на Украина, индексот на цените на храна на ФАО падна за 8,6 отсто во јули во однос на претходниот месец.

    Ова претставува четврти по ред пад на цената, објави Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

    Сепак, тие сѐ уште се на високо ниво и во јули беа на 140,9 поени на индексот на ФАО, што е зголемување од 13,1 отсто на годишна основа, во однос на јуни 2021 година.

    Индикаторот на ФАО за растителни масла падна во јули за 19,2 отсто. На најниско ниво во последните 10 месеци, под влијание на падот на цените на сите масла и на суровата нафта.

    За падот на цените на храна придонесоа големото количество на расположливо палмово масло за извоз во Индонезија и добрата жетва на маслодајна репка.

    Исто така и намалената побарувачка за извоз на сончогледово масло, чиј главен производител е Украина, чија цена забележа значителен пад.

    Agrobot

    Показателот на ФАО за житни култури падна за 11,5 отсто. Ова е резултат на постигнатиот договор меѓу Украина и Русија за деблокирање на главните пристаништа во Црното Море.

    Од потпишувањето на тој договор на 22 јули, првиот брод „Разони“ ја напушти Одеса, по пет месеци целосна блокада во украинските пристаништа. Деновиве уште три брода со жито ја напуштија Украина.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Индикаторот на ФАО, исто така, покажа дека цените на шеќерот паднале за 3,8 отсто. Врз основа на падот на цените на етанолот што предизвика Бразил во јули да произведе повеќе шеќер од предвиденото.

    Изгледите за поволно производство во Индија придонесоа за овој пад на цените на шеќеро. Тие обезбедија противтежа на стравувањата за европското производство на шеќерна репка.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img