домаАгро ЗабаваСвињите позитивно реагираат на музика

Свињите позитивно реагираат на музика

Prokredit baner

Еден одгледувач на свињи забележал дека свињите позитивно реагираат на музика. Но, не на било кој жанр. Што не сакаат да слушаат?

Одгледувачот на свињи Пиет Песманс забележал дека различните стилови на музика влијаат на однесувањето на свињите, а научниците од Белгија ги истражуваат овие тврдења, објави Ројтерс .

Семенарна хоризонтален банер

Тој ја регистрирал оваа појава кога неговиот син почнал да пее песна во шталата за време на сесијата за оплодување, а неговите маторици изгледале возбудени и почнале да мавтаат со опашот. Помислил дека треба да почнат да применуваат музика и со другите свињи.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Не сакаат рок музика

Создаде плејлиста која се совпаѓа со различни делови од денот. Кога сакаше свињите да бидат активни, пушташе поенергична музика, а за вечерта потивки звуци слични на приспивни песни.

„ Свињите позитивно реагираат на музика. Тие навистина почнуваат да мавтаат со опашката, а кога е навистина динамично, тие дури почнуваат да танцуваат наоколу и да се забавуваат. Рок музиката е премногу силна за нив, не им се допаѓа “, вели Песманс.

Тој го пријавил ова набљудување на тим истражувачи кои обезбедиле 75.000 евра од фонд на ЕУ и од белгискиот регион Фландрија за да ги истражат тврдењата.

Тигар лого гиф

Тоа помага да се ослободите од здодевноста

Координаторот на проектот Сандер Палманс изјави дека до сега немало истражување за реакцијата на свињите на музика, но искуството на Песманс одговара на постоечкото знаење за ефектите на звуците воопшто врз животните.

Палманс истакна дека резултатите од истражувањето би можеле да помогнат да се елиминира досадата поврзана со стресот, што влијае на квалитетот на месото.

Petel.mk

Ова ќе има практично влијание врз индустријата бидејќи на квалитетот на месото влијае стресот на животните. Резултатите од истражувањето се очекуваат до крајот на годинава.

Можеби ќе ве интрересира: Робот ги храни свињите пуштајќи им класична музика

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img