домаситеДренка - вкусна, хранлива и здрава

Дренка – вкусна, хранлива и здрава

Pneumatik baner

Плодовите дренка се јадат свежи, може и да се замрзнат, се сушат и се преработуваат во џем, слатко, компот и сок.

Дрен е поим за сила здравје поради неговата цврстина и издржливост, па оттука и познатата изрека „здрав како дрен“.

Дренот е листопадна грмушка или помало дрво кое може да порасне најмногу до 8 метри. Крошната е густа и заоблена, а листовите се овални со извлечени краеви. Цвета во февруари и март, а созрева од јули до октомври.

Семенарна хоризонтален банер

Плодовите се познати и под името дренинки. Тие се темноцрвени, со должина од 14 до 16 мм, а во средината на плодот има семка. За лековити цели се користи: кора, лист, цвет и плод. Плодовите се берат штом започнат да добиваат црвена боја и се сушат на топло место.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Дренката содржи голема количина природен шеќер, органски киселини, пектин, танини и исклучително многу витамин Ц, двојно повеќе отколку во портокалот.

Тигар лого гиф

Плодовите дренка се јадат свежи, може и да се замрзнат, се сушат и се преработуваат во џем, слатко, компот и сок.

Се користи во лекување на анемија, воспалено грло, болести на бубрезите, дијареа, хемороиди, дијабетес, брзо зараснување на рани.

petel baner

Кората и листовите дренка содржат антимикробиолошки својство, а меснатиот дел од плодот и маслото од семките може да се користат за регенерација на кожата и слузокожата.

Сокот, џемот и чајот помагаат при дијареа и други заболувања на органите за варење. Доколку покрај дијареата се јави и грозница, тогаш се препорачува чај од кората на дренка.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img