домаАгро ВестиВо Холандија недостиг на вода поради сушата

Во Холандија недостиг на вода поради сушата

Pneumatik baner

Холандската влада прогласи недостиг на вода како резултат на невообичаено суво лето. Временските прогнози предвидуваат дека нема дожд во следните две недели.

Силните топлотни бранови зафатија големи делови од Европа и САД минатиот месец. Ова поттикна бран повици да се направи повеќе за да се ублажи глобалното затоплување. Научниците предупредуваат дека екстремната топлина ќе стане почеста и смртоносна.

Тигар лого гиф
Семенарна хоризонтален банер

Две третини од холандската популација живее под нивото на морето. Сушите и недостиг на вода можат брзо да станат акутен проблем во таа земја и да доведат до тиња во реките и да ја отежнат речната пловидба, пренесува SEEbiz.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Сушење на браните

Друг проблем е сушењето на браните. Нивото на водата на реката Рајна е исклучително ниско за овој период од годината во Лобит, град на исток каде што реката влегува во Холандија. Нивото на водата е малку подобро за реката Меус, која тече од Франција преку Белгија до Холандија.

petel baner

Исто така и нивото на подземните води се пониски до многу ниски на југ, додава Министерството. Наведува дека тоа предизвикува појава на алги и изумирање на риби.

Сепак, оваа ситуација не влијаеше на водата за пиење. Водостопанските компании повикуваат на заштеда на водата, па во јужните провинции Зеланд и Лимбург апелираат до жителите да не користат питка вода за наводнување.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img