Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЕве кои намирници немаат рок на траење

    Еве кои намирници немаат рок на траење

    petel baner

    Дали сте знаеле дека има намирници кои немаат рок на траење?

    Секогаш кога купуваме намирници треба да внимаваме на нивниот рок на траење. Многу од намирниците може да бидат токсични и лоши по организмот доколку се користат по наведениот рок на траење.

    Сепак, постојат намирници за чиј рок на траење не треба да се грижиме. Еве за кои производи станува збор:

    Мед

    Медот има неограничен рок на траење. Може да ја смени бојата или да се кристализира, но и понатаму ќе биде добар за јадење. Ако медот се кристализира, едноставно ставете ја отворената тегла во топла вода и мешајте додека кристалите не се растопат.
    Сол

    Солта било да е морска или камена, не може да се расипе. Останува засекогаш свежа, како што била на денот кога сте ја купиле.

    Шеќер

    Шеќерот не е проблем да се чува свеж, туку да се спречи да не стане цврст како камен. Шеќерот никогаш нема да се расипе бидејќи не дозволува развој на бактерии. Единственото нешто што морате внимателно да направите е да го чувате подалеку од влага и инсекти.

    Ориз
    Дури и ако дебел слој прашина е фатен на кутијата, оризот ќе биде подеднакво добар како и првиот ден. Ова важи за сите видови на ориз: долги и кратки зрна, бели, басмати… Но, не и за кафеавиот ориз, кој повеќе е склон кон расипување поради поголемо количество на масло. Единствено што треба е да се грижите за чување на оризот е од инстектите.

    Бел оцет
    Можете да купите голема количина бел оцет, без страв за расипување. Имено, може да трае вечно. Освен во салати и супи, исто така можете да го користите како одлично средство за чистење.

    Сос од соја

    Сосот од соја може да трае најмалку три години. Комбинацијата на на сол и ферментација значи дека, доколку е неотворен, треба да има многу долг рок на траење. Колку долго ќе трае, зависи од видот на сојата и од температурата на која се чува. Ако сепак се расипе, тоа веројатно ќе се должи на габите што се размножуваат околу капакот.

    Екстракт од ванила

    Чистиот екстракт од ванила засекогаш ќе остане свеж, бидејќи се чува во чист алкохол. Но, бидете внимателни дали навистина се работи за вистински екстракт од ванила, бидејќи вештачкиот нема долг рок на траење.

    Темно чоколадо

    Се води дебата за тоа дали чоколадото воопшто може да се расипе. Додавањето млеко во чоколадата може да го намали неговиот рок на траење. Но, темното чоколадо може да трае подолго, и покрај фактот дека не секогаш изгледа како да е сè во ред. Доколку се чува на постојана температура, чоколадото може да трае две години или дури и подолго. Сепак, за повеќето луѓе, чоколадото не трае долго.

    Жестоки пијалоци

    Не мора да брзате да ја испиете секоја капка алкохол што ја имате во домот. Добро затворено и на ладно место, чуваното шише може да трае онолку колку што е потребно. Со текот на времето, пијалоците малку можат да го променат вкусот, но веројатно тоа нема да го почувствувате.

    Agrobot

    Сушени мешунки
    Во херметички затворен сад, сушените мешунки ќе траат со години и сè уште може да бидат одличен извор на протеини. Ако стапат во контакт со вода, ќе траат само неколку месеци.

    Сируп од јавор
    Оваа намирница можеби често не ја користите во вашиот дом, но доколку ја имате знаејте дека нема рок на траење. Сличен на медот, сирупот од јавор, најчесто се користи како прелив за палачинки или некои други слатки.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Пченкарен скроб
    И оваа храна има неограничен животен век, но мора да ја чувате на ладно место и добро затворена. Но, како што залихата на пченкарен скроб не се троши толку брзо, слободно можете да ја користите подолго време.

    Инстант кафе
    Инстант кафето во фрижидер може да се чува засекогаш, без разлика дали пакувањето е отворено или не.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img