Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеЗошто треба да јадете сливи

    Зошто треба да јадете сливи

    petel baner

    Сливи – содржат витамини А, Ц, Б1, Б2, Б3, Е и К. минерали: фосфор, железо, натриум, магнезиум, калциум, бакар и цинк, флавоноидни антиоксиданси, растителни влакна и вода.

    Една свежа слива содржи 113 mg калиум, минерал кој помага во контрола на високиот крвен притисок. Исто така, го намалува ризикот од мозочен удар. Ако тоа не е доволно, црвеникаво-синиот пигмент во некои видови сливи, наречен антоцијанин, може да заштити од рак со чистење на штетните слободни радикали во телото.

    Otkup na kompiri

    Сливите имаат низок гликемиски индекс

    Сливите имаат низок гликемиски индекс. Можат да ви помогнат да го контролирате шеќерот во крвта и да го намалите ризикот од дијабетес тип 2. Тие можат да ги намалат триглицеридите и гликозата во крвта, благодарение на лутеинот. Исто така, флавоноидите во сливите го намалуваат ризикот од инсулинска резистенција, а позитивно влијаат и на инсулинската чувствителност.

    agrounik

    Сливата е одлична во борба против анемијата

    Тие особено го детоксифицираат црниот дроб, цревата и бубрезите, но и целото тело. Го зајакнува доброто здравје на косата, кожата и мукозните мембрани.

    Го штити респираторниот систем, а воедно се препорачува во исхраната на болните од бронхитис или за исфрлање на секретот од белите дробови. Помага при доброто функционирање на нервниот систем. Се препорачува во исхраната на луѓе со прекумерна тежина.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сливите се особено корисни за здравјето на вашите очи. Фитонутриентите кои се наоѓаат во сливите можат да помогнат да се намали ризикот од болест која се јавува главно кај постарите лица, макуларна дегенерација.

    Како што се зголемуваат стапките на срцеви заболувања, рак, остеопороза и дијабетес, здравствените организации ширум светот не повикуваат да јадеме повеќе овошје и зеленчук. Сливите се идеален избор на храна – уживање што ве прави поздрави.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img