Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеДиво оригано против вируси и бактерии

    Диво оригано против вируси и бактерии

    petel baner

    Диво оригано – докажан борец за зајакнување на имунитетот кој го чисти организмот од вируси и бактерии.

    Ориганото е диво медитеранско растение кое се смета за едно од најлековитите во светот и најсилниот природен антибиотик.

    Научниците утврдиле дека маслото од диво оригано е 337 пати посилно антиоксидантно од зелениот чај, 130 пати посилно од лимонот. Дури 30 пати посилно од лукот, 4 пати посилно од боровинката, 12 пати посилно од портокалот. А има и 42 пати посилно дејство од состојките во јаболката.

    Otkup na kompiri

    Содржи бета-каротен, ниацин и бакар, манган, железо, калциум, витамин К, има огромен број на влакна и други органски соединенија. Сето ова е особено ефикасно при чистење и детоксикација на црниот дроб.

    Дивото оригано е добар лек за разни ранички на кожа, осип, псоријаза, чешање. Решава проблеми со акни, хигиена и нега на коса (првут, себореја, вошки) егзема и воспаление и болка во увото.

    Чај од диво оригано

    Чајот од диво оригано е моќен природен антибиотик, конкурент на најсилните конвенционални антибиотици. Докажано е дека основната состојка на чајот од диво оригано – carvacrol, има сили антивирусни, антифунгални, антибактериски и антипаразитски својства.

    agrounik

    Еефикасно уништува над триесет видови на микроорганизми (бактерии, вируси, габи). Исто така ефикасно ги спречува грипот и настинките, помага при воспаленија, намалување на болката и избегнување на инфекции.

    Употреба и дозирање на масло од диво оригано

    Маслото од диво оригано треба да се користи 10 дена во еден месец, 3 пати по 2 капки на ден. Се употребува после јадење, се разредување во лажичка масло за јадење (сончогледово, маслиново, кокосово, ленено). Деца на возраст под три години не треба да го користат, ниту бремени жени.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Исо така може да го користите и со вдишување. Се додава 1 капка масло од оригано на половина литар врела вода. Рамномерно се вдишува, со затворени очи, во мирување, десет минути. Вдишувањето со ова масло не се препорачува за деца помлади од 10 години и чувствителни лица (со астма или алергии).

    Може да се користи и локално преку кожата. Во случај на акни или габична инфекција се разредува 30-50 капки масло од оригано во 100 мл масло за јадење. Направенета смеса се нанесува на кожата двапати на ден.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img