Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро ЗабаваСладолед со вкус на кечап и грав е хит во Лондон

    Сладолед со вкус на кечап и грав е хит во Лондон

    Жителите на Лондон се подготвени да пробаат сладолед со малку необичен вкус (кечап и мајонез), за ​​да се справат со високите температури кои годинава ги надминаа рекордните вредности.

    Во светот се познати најразновидни вкусови на сладолед, од оној со вкус на мастило од сипа, до компири, активен јаглен што го обојува црно како и корнетот. Потоа пченка, сланина, пиво, ракија, канабис, коњско месо, маснотии од ирваси, но и кавијар, па на ред дојде оној со вкус на грав.

    Најновиот проект на британските производители на сладолед за најжешкото лето се состои од низа нетрадиционални вкусови кои, како што пишуваат британските и американските медиуми, можете да ги најдете во оставата, а не во фрижидерот за сладолед. Покрај мајонезот Хајнц и кечап, тука е и вкусот на тавче гравче.

    Сладоледите ги создала Ања Хиндмаш, која за главни состојки користела некои од најбараните зачини и готови оброци.

    Еден од најбараните, според медиумите, е вкусот на гравче на Хајнц, познатата овесна каша „квакер“, чај…

    После ние сме биле забегани…

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img