Студената храна и пијалаци се сечии избор во топлите летни денови, но нивната консумација може да предизвика главоболка.
Претерано разладената храна и пијалаци не се погодни за секого, предупредува Наталија Круглова, нутриционистка и член на Националното здружение на диететичари и нутриционисти на Русија.
– Сладоледот, ледените коктели, ладните салати и закуски не се опасни за здравата личност. Но, луѓето кои страдаат од болести на дигестивниот тракт треба да го ограничат внесот ладна храна и напитоци, особено лете, советува Круглова.
Таа смета оти разладените оброци и пијалаци со мраз може да предизвикаат така наречена „ладна главоболка”.
– Но, ова е прилично индивидуална реакција на употребата на ладна храна – потипично е тоа за луѓето склони кон главоболки. Важно е да се водите според вашите сопствени чувствителности, објасни нутриционистката.
Се разбира, човекот треба да се воздржува од студена храна и во случај на симптоми на настинка.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.