Крушите изобилуваат со хранливи материи кои прават чудо за нашето тело и затоа треба почесто да се консумираат.
Сезоната на вкусни и сочни круши почнува кон крајот на летото и почеток на есента.
Постојат повеќе видови круши кои можат да се најдат во најразлични бои: зелени, жолти, црвенкасти, темно-жолти и др.
Без разлика кој тип круши го консумирате, покрај уникатниот сладок вкус, овие овошки можат да ви понудат и исклучителна хранлива вредност која е поттикнувач на различни корисни дејства за здравјето.
Во продолжение неколку причини зашто крушите треба бидат дел од нашата секојдневна исхрана:
- Го поттикнува варењето
Крушата е богата со прехранбени влакна кои благонаклонето дејствуваат на целиот организам, особено на варењето. Таа ја подобрува работата на цревата, па секако консумирајте ја помеѓу оброците.
- Ги штити срцето
Ова овошје изобилува со флавоноиди, кои нивото на шеќер во крвта го одржуваат стабилно, па нејзиното редовно консумирање се смета за добра превенција за борба против дијабетес тип 2.
- Го зајакнува имунитетот
Крушата е богата со витамините Б и Ц, добар извор е на железо и калциум, калиум и бакар. Таа го зајакнува имунитетот на телото и ги ублажува процесите во организмот. Во кората се наоѓа моќен антиоксидант кверцетин кој ги спречува разните болести.
- Спречува проблеми со видот
Морковот не е единствениот плод од природата кој спречува проблеми со видот. Крушата е, исто така, заштитник на овој орган која го намалува ризикот од макуларна дегенерација.
- Помога во слабеењето
Во 100 г круша се наоѓаат околу 80 калории, па таа припаѓа во групата на овошје со нешто повисока вредност на калории. Иако станува збор за слатко овошје, умереното консумирање се препорачува и кај луѓето кои држат диети или ја одржуваат својата тежина.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.