Примената на јаболков оцет во превенција и третман на болести кај говедата е речиси непозната кај нас. Во светот многу се работи на неговата употреба во сточарството.
Докажано е дека јаболков оцет го подобрува производството на млеко кај кравите, го олеснува телењето и ги зајакнува коските на телињата.
Јаболковиот оцет неспоредливо е подобар од антибиотиците, кои не само што се штетни за животните туку и индиректно влијаат врз здравјето на луѓето преку месото и млечните производи.
Голем е бројот на проблеми и болести кои може да ги спречи примената на јаболков оцет како додаток во исхраната на говедата.
Чистиот јаболков оцет содржи исклучително висока доза на калиум, благодарение на што е можно да се регулира pH вредноста на живиот организам. Ова е важно за континуиран и здрав развој.
Јаболковиот оцет е исклучително богат со калциум, железо и фосфор. Во него има многу калиум, над 200 милиграми на литар. Токму тоа е причината зошто јаболковиот оцет се користи за лекување маститис, болки во коските, зајакнување на коските, кашлица итн.
Врз основа на научни истражувања, утврдено е дека најзгодниот начин на дозирање е преку вода за пиење. Мерењата покажаа дека најповолен сооднос е 1:100.
Литар јаболков оцет на 100 литри вода. Во овој сооднос, оцетот во водата ја регулира pH вредноста на водата на нешто под пет, а тоа е количината што говедата со задоволство ја консумира. Водата ја задржува оваа pH вредност долго време под влијание на оцетот.
Мерењата на водата за пиење за животните во летните горештини покажаа дека водата што содржи оцет има 1.000 пати помалку бактерии од водата за пиење што не се третира со оцет.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.