домаАгро советиЗошто се прави агрохемиска анализа на почва?

Зошто се прави агрохемиска анализа на почва?

Prokredit baner

Агрохемиската анлиза на почва е важна алатка за одредување на потребите на различните култури во поглед на хранливите материи.

Редовно земање на почвени проби и нивно испитување во лабораторија може да ги следи промените и ефикасноста на прихраната која се применува.

Точноста на резултатите од агрохемиската анализа зависат од тоа колку е добра техниката на земање на почвените проби и податоците и белешките за секоја земена проба.

Семенарна хоризонтален банер

Користа од агрохемиска анализа е повеќестрана – правилно, навремено ѓубрење на културите, зголемување на приносот, подобрување на квалитетот на производите.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Навремено ѓубрење со точно одредени количини вештачки ѓубрива, го намалува загадувањето на почвата и подпочвените води со неискористените ѓубрива, кои се употребуваат на земјоделските површини.

Кога се зема почвена проба за агрохемиска анализа?

Зависно од културата и целта почвените проби се земаат во пролет или есен. Најдобар период за земање е на три месеци пред сеидбата или садењето. Доколку условите тоа не го дозволуваат може и на неколку недели пред садењето.

Тигар лого гиф

Земање почвена проба од ораница

Длабочината на земање е 20 см. Метод на земање- цик-цак или по случаен избор при што се земаат 5-20 посебни проби. Посебните проби се собираат во кофа, грутките се раскршуваат, се одстрануваат крупните растителни остатоци и камењата и добро се меша до конечна унифицирана проба.

Petel.mk

Унифицираната проба тежи 1-1,5 кг и се праќа во лабораторија на агрохемиска анализа. Најлон кесата со унифицираната проба се става во друг најлон и во неа се става хартиено ливче. На ливчето се запишани податоци за пробата (име на земјоделецот, парцелата од која е земена пробата и датум на земање).

Во прилог на пробата се доставува и соодветен формулар за земање почвена проба. Тој формулар содржи и други податоци како на пример: претходна култура што се одгледувала и принос од неа, култура која се планира да се одгледува и планиран принос и др. податоци. Формуларот се добива од лабораторијата за вршење агрохемиска анализа.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img