Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро советиПравилно чување компири во текот на зимата

    Правилно чување компири во текот на зимата

    petel baner

    Компири – во зависност од сортата, времето на вадење на компирот е различно, најчесто крај на август или почеток на септември.

    Во време кога надземниот дел од растението целосно ќе се исуши, тогаш е вистинско време за вадење компири. Компирот се вади кога е суво да не се задржува влажна земја на нив. Земјата подоцна може да биде извор на патогени и да доведе до скапување во складиштата.

    Компирот треба да биде здрав, сув и неоштетен. Компирите кои се заразени и механички оштетени треба веднаш да се одвојат. Доколку на компирите има остатоци од земја, кал треба да се измијат и потоа да се исушат.

    Сушењето на компирите да биде во сенка (најдобро се суши на темература од 10–15˚С). Ако се сушат на сонце, компирите добиваат зелена боја и при тоа се создаваат материи кои се штетни за исхрана на луѓето.

    Појавата на зелената боја е показател дека во клубените се наоѓа зголемено количество на алкалоидот соланин. Тој компир при употреба треба добро да се излупи ако е зелен и во средината не се употребува за јадење.

    Класирањето се врши и по големина, покрупните клубени се оставаат за употреба за подоцна бидејќи подолго остануваат свежи. Поситните компири може успешно да се чуваат, но може да се одвојат и чуваат како семенски компир за наредната сезона.

    `Ртењето на клубените е најголем проблем кој се јавува во неколку наврати во текот на зимата. Тоа видно ја намалува свежината на компирот, тежината како и загубата на скроб.

    Просторијата каде се чуваат компири треба да биде темна, ладна и сува, чиста и дезинфицирана. Оптимална темпертаура за чување на компирот е од 8–12˚С , релативна влажност на воздухот од 90 -95 %.

    Agrobot

    Компирот мрзне на температура од -2˚С. Чувањето на компирот може да биде и во трапови. Траповите може да бидат површински и земјани, со обезбедена хоризонтална и вертикална вентилација. Ова е со цел да се сочува компирот, да биде здрав и да не изгуби од тежината.

    Компирот се пакува во гајби (дрвени и пластични) или во мрежести вреќички. Важно е да има воздух, но никако не се користат за пакување најлонски вреќи или пластични кутии.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Компирот почесто треба да се прегледува најмалку 1-2 пати месечно да не има скапани или из`ртени клубени. Компирот треба да се чува одвоено од кромид и овошје бидејќи лачат етилен кој доведува до порано `ртење на компирот.

    Исто така компирот треба да се чува и од глувци и од други глодари.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img