домаАгро советиПовеќе нема да ја фрлате пепелта од шпоретот

Повеќе нема да ја фрлате пепелта од шпоретот

Pneumatik baner

Пепелта од шпоретот може да биде совршена помош за чистење на домот или поттик растенијата да се развиваат побрзо. Еве како поинаку можете да ја искористите!

Пепелта од шпоретот е толку корисна работа што може да се користи на многу начини. Ако се греете на дрва, во никој случај не ја фрлајте.

Тигар лого гиф
Семенарна хоризонтален банер

Пепел добиена од дрво (7% фосфор, 6-20% калиум, 20-35% калциум) е добро калиумово ѓубриво (0,5 kg на 10 m²) со долг ефект од 12 месеци. Пепелта добиена од јаглен или од непознато потекло не смее да се користи како ѓубриво. Тоа е неорганско ѓубриво кое се создава со согорување на органски материи, најчесто дрво (листопадни како и четинари). Содржи соли на разни минерали, најмногу вар и калиумови соли, содржи и микроелементи. Калиумот помага да се олесни преносот на органска материја до овошјето и другите органи кои растат. Експертите тврдат дека во одредена смисла влијае на квалитетот на овошјето и зеленчукот, на подоброто боење на овошјето и на нивната сладост.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk
Измешајте пепел со вода и оставете да отстои неколку дена, а потоа процедете

Одличен е за чистење на облека, подови, сребрени садови, ‘рѓа од мермерни површини. Малку погуст раствор од пепел и вода во форма на паста може да ги отстрани дамките од мебелот.

petel baner

Пепелта добро ги отстранува непријатните мириси во станот, но и во фрижидерот. Делува слично како и оцетот што го оставате за да ја „отстрани“ аромата на некоја застоена храна.

Одредени штетници, како што се полжавите и разните инсекти, не поднесуваат пепел, па со помош на овој „отпад“ многу лесно ќе се ослободите од нив. Истото важи и за мравките. Посипете го мравјалникот со пепел и мравките веднаш ќе си заминат. Корисно е да посипете малку пепел во аглите на подрумот, бидејќи на тој начин ќе ги избркате глувците, бубашвабите и другите предатори.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img