Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро советиМодар патлиџан - одгледување, заштита и берба

    Модар патлиџан – одгледување, заштита и берба

    petel baner

    Модар патлиџан – зазема сè поважна улога во исхраната поради својата хранлива вредност.

    Модар патлиџан (црн патлиџан) припаѓа на фамилијата Solanaceae. Се смета дека потекнува од Индија.

    Често се одгледува како мек или полутврд годишен плод во подрачја со умерени клими. Тоа е едногодишно растение со добро развиен коренов систем и со изразен централен корен.

    Otkup na kompiri

    Има разгрането стебло со висина од 40 см до 1,5м. Листовите се крупни што зависи од бујноста на растението, а цветовите се со виолетова боја со 5 лобуси венчиња и жолти прашници.

    Од прецветувањето до оплодувањето поминуваат 20 дена, а од никнување до првата берба 120 денови.

    Зависно од сортата, плодовите може да бидат со вилетова до нијанса на црна боја. Големина до 30 см со јајцевидна форма. Сјаен со мазна површина, со бело месо и месна текстура.

    Истиот, содржи мали меки ситни семиња горчливи по вкус бидејки содржат никотиноидни алкалоиди. Плодот се бере во технолошка зрелост.

    Старите плодови кои се меки и овенати не се за употреба. Тие содржат алкалоид соланин кој предизвикува проблеми со варење на храната.

    После сеидбата дневната температура треба да биде меѓу 23 и 25 степени, а ноќната да се движи меѓу 16 и 18 степени. Температурата на почвата треба да биде 20 – 22 степени.

    Модар патлиџан се произведува исклучително со расад. Производството на расадот е многу сличен со оној на пиперката, а се расадува кога добро ќе се формираат котиледоните.

    Садењето на расадот на постојано место се прави кога ќе поминат 50 до 60 дена, на растојание од 60 – 70 см х 40 – 50 см што зависи од бујноста и сортата на модриот патлиџан.

    agrounik

    Поради тешкото вкоренување, првото окопување се прави после 20 до 30 дена. Во текот на вегетацијата се окопува 2 до 3 пати. До периодот на формирање на плодовите почесто се наводнува, а во фаза на плодоносење на секој 5 до 7 дена со поголемо количество вода.

    Берба на модар патлиџан

    Бербата на модриот патлиџан без разлика на местото на производство, започнува за 60 до 70 дена. Приносот се движи меѓу 50 и 80 тони по хектар што зависи од сортата и од должината на вегетацијата и од плодоносењето.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Плодовите се чуваат на собна температра од 5 до 7 дена, а на температура од 5 степени издржуваат и неколку недели.

    Модриот патлиџан во Македонија се одгледува на мали површини за потребите на преработувачката индустрија и домаќинствата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img