Откупот и продажбата на земјоделски производи бележи зголемување за 29,7 отсто во однос на истиот период лани.
Откупот и продажбата на земјоделски производи во второто тримесечје од 2022 година е 3.369.003.000 денари што во однос на истиот период лани претставува зголемување за 29,7 отсто.
Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделските производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 19,5. Кај продажбата на земјоделските производи од сопствено производство e забележано зголемување за 39,2 процента.
Зголемување е забележано кај сите производи, освен кај индустриските и фуражните растенија, овошјето, млечните производи, рибата и другите производи.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.