Смоква е овошје кое дава сила, го одржува здравјето и ги брише настанатите бори.
Смоква е овошка која вреди да се пофали и за своите лековити својства. Научниците тврдат дека е доволно човек да јаде по една смоква секој ден, по можност наутро.
Ова се причините зашто треба да јадете смокви:
1. Висока вредност на магнезиум. Магнезиумот е еден од основните елементи кои го штитат нашиот нервен систем од стрес. Многу е важен за коските, имунитетот, задравјето на мозокот и нервниот сиситем. Го поттикнува здравјето и виталноста, лечи бројни болести и значително го забавува процесот на стареење. Сушените смокви содржат тројно повеќе магнезиум од обичните.
2. Обилува со калиум, калциум, железо, фосфор, бакар и витамините Б6, Ц и бетакаторен. Смоквата има многу ниска содржина на масти, а побогата е со влакна од било кое друго овошје и зеленчук па затоа треба да се консумира секој ден. Пектинот е растворливо влакно кое го намалува нивото на холестерол во крвта, додека триптофанот помага при проблеми со циркулацијата како и при несоница.
3. Високата концентрација на природни шеќери прави мозокот да работи побргу, подобро да ги прима и класифицира информациите. Секако мора да внимаваат дијабетичарите при консумирање на суви смокви кои содржат двојно повеќе шеќер од свежите.
4. Сувите смокви се одличен извор на бројни нутритиенти а воедно и практичен нутритивен оброк за спортистите и професионалците, а во комбинација на оревесто плодови може да послужи како идеален меѓуоброк. Чајот од смокви лечи заболувања на црниот дроб, грлото, дишните органи, мочниот меур.
5. Содржи и растителни стероли за кои е докажано дека поволно делуваат на нивото на холестерол во крвта. Растителните стероли како стигмастеролот и ланостеролот, кои ги има во смоквите се врзуваат со молекулите на холестеролот во цревата и така ја оневозможуваат неговата апсорпција.
6. Бројни студии откриле нуспојави со потенцијано антиканцерогено делување на бензалдехидот и кумарините кои ги содржат смоквите. Испитуваните соединенија во научните студии покажале ветувачки резултати особено кога станува збор за карциномот на простата и кожа.
7. Свежата смоква содржи до 80% вода и 60% природен шеќер па затоа е добро да се консумира. Благиот вкус на смоквите совршено се сложува со солени вкусови, како на пример овчото и козјото сирење, па може да се додаде кон разни компоти или јадења. Од свежата смоква може да се направи слатко,компот, џем и ферментирани пијалоци.
- Малку калории, многу корисни состојки
Како што кажавме сувите смокви се одличен извор на минерали, витамини и антиоксиданси. Но, за разлика од свежите, 100 грама суви смокви имаа 249 калории. Така, тие може да се идеален оброк за сите оние на кои им недостасува енергија. Поради количината на шеќер која ја содржат, дијабетичарите треба да внимаваат на количината смокви која ја внесуваат. Но, ако сакате да ја подобрите концентрацијара, слободно изедете по некоја сува смоква.
Свежите смокви се посебно богати со антиоксиданси, како што се каротен, лутеин, танин и клорогенска киселина. Нивната антиоксидативна вредности се споредува со онаа на јаболките. Така, со конзумација на смокви може да се зашититите од многу болести.
Освен тоа свежото овошје содржи адекватно ниво на витамини, особено витамин А, Е и К. Смоквите заштитуваат од рак, дијабетес, дегенеративни болести и инфекции. Одличини се за заштита на кожата, а мажите треба да ја конзумираат за добро здравје на простатата.
Исто така, истражувањата покажуваат дека клорогенската киселина во ова овошје помага во намалување на нивото на шеќер во крвта и го контролира нивото на гликоза во крвта.
Бидејки свежите како и сувите смокви содржат и витамини од Б групата, тие го забрзуваат метаболизамот. Сувите смокви се одличен извор на минерали како калиум, калциум, железо, селен и цинк.
- Сувите смокви ги топат масните наслаги
Цел свет е воодушевен од рецептот од само две евтини состојки, кои со редовна употреба ослободуваат од вишокот масни наслаги.
Предноста на оваа диета е што има позитивно влијание и на здравјето, односно воедно е и лек за зголеменото ниво на масти во крвта.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.