Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеВински оцет како лек

    Вински оцет како лек

    petel baner

    Вински оцет – има широка примена во кулинарството како додаток во многу салати, подготовка и маринирање на месо, но има и лековите својства кои треба да ги искористите.

    Винскиот оцет е многу здрав за човечкото тело и долго време се користи во различни традиционални лекови како лек за неколку болести.

    Во проделжение неколку изненадувачки здравствени придобивки од винскиот оцет:

    Otkup na kompiri

    1. Винскиот оцет ги намалува телесните масти

    Ако имате за цел да ослабете, не треба целосно да се фокусирате на она што го јадете. Можете да трошите повеќе масти ако консумирате повеќе вински оцет. Во студија објавена во списанието Bioscience, истражувачите утврдиле дека овој оцет всушност помага во намалување на вкупната содржина на масти во телото.

    2. Ги забавува знаците на стареење

    Според истражувањето објавено во Food Research International Journal од 2010 година, во составот на црвениот вински оцет има висока содржина на антоцианини – природни антиоксиданси, кои помагаат за забавување на процесот на стареење. За најдобри резултати треба да се држиме до оцет, направен од винската сорта Каберне Совињон.

    3. Потиснува апетит

    Може да ви звучи премногу добро за да биде вистина, но потрошувачката на повеќе вински оцет може да го намали вашиот апетит. Оцетната киселина е активна состојка во црвениот вински оцет, која ја задржува храната во желудникот за подолго време. Тоа доведува до забавување на ослободувањето на хормонот грелин, кој води до чувство на глад.

    4. Богат е со моќни хранливи материи

    Винскиот оцет е наполнет со здравствени хранливи материи, вклучувајќи и неколку клучни витамини, минерали, железо и калиум. Од гледна точка на антиоксиданси, винскиот оцет содржи исто полифеноли, кои се суштински растителни соединенија кои дејствуваат како антиоксиданти.

    5. Го регулира шеќерот во крвта

    Оцетот помага за забавување на апсорпцијата на шеќерот од храната во крвотокот, што значи дека им помага на луѓето со дијабетес. Значи, ако барате начин да ја прилагодите крвниот шеќер, црвениот вински оцет е идеалната храна за тоа.

    6. Ја зголемува апсорпцијата на калциум

    Во едно истражување научниците претпоставуваат дека оцетната киселина во оцетот ја подобрува апсорпцијата на калциум и ја промовира апсорпцијата.

    agrounik

    7. Помага во варењето

    Во многу азиски земји оцетот се пие за време или помеѓу оброците за помагање на варењето. Се верува дека тој го мие телото од токсините, го отстранува квасецот во дигестивниот тракт и го чисти уринарниот тракт.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    8. Винскиот оцет може да го подобри изгледот на вашите кожа и коса

    Верувале или не, овој оцет е корисен не само за вашето внатрешно здравје, но и за убавината. Тој може да се користи како природен шампон за коса, со него може да се третира и изгорената (од сонцето) кожа.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img