Пригответе домашен компот од сливи без шеќер и конзерванс кој може да го коритите во текот на зимските денови.
Компот од сливи се приготвува бзо и лесно, а еве што ви е потребно:
Состојки:
5 кг сливи
3 лимони
1 стапче ванила
мед (на секоја тегла три лажици)
2-3 л вода
тегли и капачиња
Начин на подготовка:
Теглите и капачињата добро измијте ги и исушете ги во рерна на 150 степени. Сливите измијте ги, изберете само поцврсти за компотот да биде подобар.
Зовријте 2-3 литри вода, стапче ванила и лимони исечкани на кругови.
Во подлабок лонец ставете стар чаршав или крпа, налијте околу 2 л вода и ставете на рингла да се загрева. За тоа време наполнете ги теглите со овошје, налијте сируп и добро затворете. Редете ги теглите во лонецот со вода и гответе околу 20-30 минути.
Теглите редете ги на ќебе свртени наопаку. Свиткајте ги со ќебето и оставете ги да стојат до наредниот ден.
Откако ќе отстојат еден ден, теглите се спремни за складирање. Чувајте ги на темно и ладно место.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.