Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро советиПриродни препарати за заштита на доматите од пламеница

    Природни препарати за заштита на доматите од пламеница

    Доматите можат да се заштитат од пламеница по природен пат, доколку се направи навремена интервенција.

    За доматите постојат голем број природни, домашни препарати кои можете да ги направите сами, чинат малку, а се одлична превенција.

    Најголемата болест на доматите е пламеницата. Тоа е габична болест, а го напаѓа целото растение: лист, стебло и плодови. Многу брзо се шири и штом ќе зафати растение, речиси и да нема помош. Затоа превенцијата е клучот за заштита на доматите од пламеница.

    На листот се откриваат првите симптоми на пламеница, а тоа се светло кафени дамки кои набрзо потемнуваат и листот се суши. Оваа болест може целосно да ги исуши листовите за многу кратко време, а она што ја прави опасна е тоа што многу брзо се шири.

    Идеални услови за развој на болеста се високата влажност предизвикана од честите дождови и топлото време, односно температурата помеѓу 16 и 25 Целзиусови степени.

    Сода бикарабона

    За да се направи раствор кој ја спречува болеста, потребно е да се преливаат 4 лажички сода бикарбона и една лажичка растително масло во 4 литри вода. Со овој раствор попрскајте ги доматите. Неопходно е да се применува редовно, еднаш или двапати неделно. Посебно е потребно да се прскаат растенијата по дождот, за да се одржи неговата ефикасност. Важно е да се знае дека сода бикарбоната создава алкална средина на површината на листот, што го забавува растот и ширењето на габите.

    Никогаш не ги прскајте растенијата во текот на денот. Најдобро е наутро или евентуално навечер. Уште еднаш нагласуваме дека се работи за превенција. Ако растенијата се погодени од болеста, а се работи за неколку лисја, тие листови треба веднаш да се отстранат. Ако растението е повеќе заболено, треба да се искорне и да се отстрани од градината.

    Млеко против пламеница на доматите

    Обично, неварено млеко може да биде ефикасно во превенцијата од оваа болест. Направете раствор од 1 дел млеко и 9 делови вода. Значи, ако растворот е 10 литри, внатре ќе имаме 1 литар млеко и 9 литри вода. Со него се прска целото растение. Можете да прскате на секои 2 недели или почесто (во зависност од дождот) до средината на летото или подолго ако времето е влажно и топло. Млекото со помал процент на маснотии делува подобро и полесно ќе прскате, бидејќи маснотијата може да ги затне прскалките.

    Најдобро е да ги испрскате растенијата наутро, за доматите да имаат време да се исушат.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Вински оцет како лек
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Јадете соја за подобро здравје
    spot_img
    spot_img
    spot_img