Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиОбјавен повик за финансиска поддршка на земјоделски задруги

    Објавен повик за финансиска поддршка на земјоделски задруги

    petel baner

    Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска објави јавен повик за доставување барања за за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

    Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка по земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/07, 05/09, 43/14, 193/15, 39/16 и 164/18) и („Службен весник на Република Македонија“ бр.190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објавува следниот

    JАВЕН ПОВИК бр.10/2022

    Otkup na kompiri

    за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година

    1. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

    Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

    II КОРИСНИЦИ

    Право на користење на средства имаат следните субјекти:

    III ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

    Финансиската поддршка се однесува на направени прифатливи трошоци во период од 1 јануари до 31 декември 2021 година и за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2022 година. Се доделува во износ од 100 % од вкупно направените прифатливи трошоци. Финансиската поддршка за плата за управител на земјоделска задруга која согласно со пропишаните услови може да остварува право на помош од овој вид по висина од 100% во првата година. Од просечната плата исплатена во Република Македонија за претходната година со намалување од 20% за секоја наредна година во период не подолг од пет години.
    Финансиската поддршка за ангажирање на едно лице од областа на земјоделските науки и ветерината, согласно со видот на земјоделската задруга во висина не повеќе од просечната плата исплатена во Република Македонија за претходната година, (за земјоделските задруги од голем обем).
    Доделената финансиска поддршка е неповратна.

    IV УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

    Барањата за поединечна подмерка се доставуваат во оригинален примерок.

    Еден корисник поднесува посебно барање за секоја мерка во оригинал. Еден корисник може да поднесе најмногу 2 барања за оваа мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

    Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

    -Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година (Службен весник на Република Македонија” бр. 64/22, 81/22, 88/22, 97/22 и 171/22)
    -Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10, 53/13, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/19, 244/19, 275/19 и 110/21)
    -Закон за земјоделски задруги („Службен весник на Р.Македонија“ бр.23/13, 51/15, 193/15 и 39/16)
    -Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17 и 162/18) и
    – Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 72/14, 35/16, 59/16, 101/17 и 162/18).

    Барателите на финансиска поддршка потребно е да поднесат уредно и целосно пополнето барање за исплата на средства за Мерка 131 заедно со пропратната документација наведена во барањето.
    Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства за мерката 131, согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.

    V ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

    Обрасците „Барање за исплата“ со листата на потребни документи може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk
    Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на адреса:
    Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
    Ул. 3-та Македонска бригада бр.20 (Зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје

    agrounik

    VI НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

    Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт. На предната страна во горниот лев агол стои ознаката „НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 10/2022 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата. Во спротивно Агенцијата не презема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Краен рок за доставување на барање за исплата по овој јавен повик е 30 септември 2022 година.

    Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img