Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЗамени за кафе што можете да ги имате во вашиот двор

    Замени за кафе што можете да ги имате во вашиот двор

    petel baner

    Обидот да се намали кофеинот е предизвик. Пиењето кафе е повеќе од само зависност од кофеин. Станува збор за вкусот на горчливите танини, богатата арома на печено кафе и релаксирачкото чувство на пиење нешто топло. Овие три билки можеби се решението како добри замени за кафе, а можете да ги имате во вашиот двор.

    Железно дрво

    Ова дрво е високо до 30 метри, потекнува од Северна Америка и дошло во Европа во 18 век. Може да расте во области до 1.000 метри надморска височина и достигнува максимална возраст од 100-150 години.

    Мешунките и семките на дрвото сè уште ги користеле доселениците во Америка како замена за кафето, но сепак треба да се внимава со употребата на делови од ова дрво бидејќи содржи отровен алкалоид наречен цитин. Ова соединение се неутрализира кога семињата и мешунките се правилно печени. Печените семиња имаат вкус сличен на кафето, но се многу груба замена.

    Agrobot

    Корен од цикорија

    Коренот на цикоријата долго време се одгледува во Европа за да се пече како прилично убедлива замена за кафето. Неговата употреба била многу распространета во време на војна, недостаток, сиромаштија или глад, за да ги надополни постоечките извори на кафе. Во Франција, коренот на цикоријата е вообичаен дел од кафето.

    Вкусот на печениот корен на цикорија варира од малку сладок до горчлив, а тоа е одлично решение кога сакате да ја задоволите потребата од благо горчлив, топол пијалок.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Корен од глуварче

    Кога коренот на глуварчето е исчистен, сушен, исечен и печен, може да се користи како замена за кафе. Коренот од глуварче долго време се користи во природната медицина како диуретик и тоник за црниот дроб. Има речиси кремаст вкус и многу убаво мириса кога се подготвува.

    Секако, се е прашање на вкус, но најважно е да го пронајдете она што е соодветно за вас кога станува збор за намалување на внесот на кофеин или наоѓање замена за кафе поради некоја друга причина.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img