Коријандер е билка која се користи во кулинарството, но има и бројни лековити својства.
Коријандер се одгледува поради неговите семиња кои се користат како зачин и за производство на есенцијално масло. Свежите листови кај нас ретко се користат.
Од здравствена страна, коријандерот го чисти телото од тешки метали и токсини, служи како лек за анемија, го намалува холестеролот и шеќерот, влијае на варењето и лекува кожни и очни болести.
Коријандерот може да се одгледува во саксии како билка, како и да се посее во бавча, во леи.
Што се однесува до изборот на саксија, садовите од теракота се покажаа како најдобри бидејќи ја задржуваат влагата. Садот мора да биде длабок најмалку 60 cm, треба да има дупки на дното на садот и парчиња керамика или чакал.
Растението се сее во лабава почва, во март, а последниот датум на сеидба е средината на април. Хумусот и компостот ја прават најдобрата комбинација. По никнувањето треба редовно да се полева со вода.
Садот може да се стави на балкон, на сончево или полусенчево место. На растението му треба редовна дохрана со минерално течно ѓубриво.
Бербата се врши на крајот на јули, на почетокот на август, кога повеќето плодови добиваат темно кафеава боја. Коријандерот зрее нерамномерно, затоа мора да се посвети посебно внимание на бербата.
Семето од коријандер треба да се суши до 12% влага пред складирањето, што може да се направи и на сонце.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.