Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

More
    домаАгро ЗабаваКравите ќе даваат повеќе млеко ако слушаат музика

    Кравите ќе даваат повеќе млеко ако слушаат музика

    Освен што ги релаксира луѓето, музиката благотворно делува и врз животните.

    Истражувањата покажуваат дека кравите произведуваат најмногу млеко токму кога слушаат музика.

    Истражувачите од Универзитетот во Лестер потрошиле многу време во истражување на различни видови музика за свирење на кравите за да видат дали има влијание врз производството на млеко.

    Резултатите покажале дека кравите на кои им се пушта релаксирачка музика произведуваат 3% повеќе млеко од оние чија единствена звучна стимулација била машината за молзење во шталата.

    Иако тие 3 проценти не изгледаат многу, добродојдени се за секој што се обидува да го извлече максимумот од продуктивноста на своите крави.

    Интересно е тоа што не сите крави се љубители на популарната музика. Па за оние со посебни вкусови, модерниот фармер составува листа на класична музика. Таа ги вклучува Бетовеновата Пасторална симфонија и Концертот за флејта и харфа од Моцарт.

    Овој едноставен метод се препорачува за сите оние кои се занимаваат со сточарство и одгледување крави. На овој начин ги поттикнувате кравите да се опуштат и да даваат повеќе млеко.

    Освен тоа, музиката секако позитивно ќе влијае на доброто расположение на фармерот. А со тоа и на поголема доверба меѓу човекот и животното.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img