Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Tuesday, December 3, 2024

More
    домаАгро ЗабаваПромоција на македонски вина, храна и туризам на саем во Блеград

    Промоција на македонски вина, храна и туризам на саем во Блеград

    petel baner

    Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“ ќе се одржи од први септември во Белград.

    Овој саем ќе трае до 4 септември, ќе има повеќе од 330 изложувачи од 22 земји од кои 233 од државите членки на Отворен Балкан.

    Македонија под слоганот „Вкуси го животот” на овој саем ќе учествува со 42 винарии и три дестилерии кои ќе промовираат преку 300 различни вина и ракии. Како и со производители на храна кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Предвидено е и одржување на „Македонска вечер” на која ќе се промовираат македонски вина, храна, музика и туризам. А за музичкиот дел е задолжен виртуозот Влатко Стефановски.

    Македонската туристичка понуда ќе биде претставена преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Таа ќе биде фокусирана на македонскиот ено-гастро туризам (туризам базиран на вино и храна). Хационалните паркови, природните и вештачките езера, заштитените подрачја од УНЕСКО, руралниот туризам и адреналинскиот туризам.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Стотици илјади очекувани посетители на Саем ќе може да дегустираат автентична македонска храна која ќе ја подготвуваат македонски врвни готвачи. Како и храна од српската и албанската кујна подготвена од српски и албански врвни готвачи. 

    Ќе биде организирано и меѓународно оценување на виното од 25 меѓународни судии. А пет од нив се носители на најпрестижната титула во светот на виното – master of wine.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img