Црн бозел е едно од најдостапните растенија во нашиот регион, а дали знаевте дека на некои луѓе им помогна да ги излечат и најопасните болести?
Црн бозел е едно од најлековитите растенија во светот бидејќи содржи големи количини на флавоноиди, каротин и витамин Ц.
Плодовите на црниот бозел созреваат на крајот на август и почетокот на септември. Плодовите треба да бидат убаво зрели за да имаат лековити својства.
За рецептот со црн бозел за лекување на опасните болести се потребни добро зрели плодови бозел кои личат на боровинки. Овошјето не се мие, се става во големи тегли. Се става ред црн бозел, ред шеќер, додека стаклените садови се наполнат.
Последниот слој треба да биде од шеќер и да е дебел. Теглите се покриваат со газа, за да може да “дише”. Треба да се чуваат на темно место и да се прецедат по 40 дена.
Последните неколку дена мешавината треба да се меша со дрвена лажица за да се раствори добро шеќерот. Може да се направат 2, 3 или 4 тегли, за да има до другата година.
Од смесата се зема по една лажичка рано наутро на гладно, 10 минути пред појадок.
Црниот бозел е корисен за имунолошкиот систем и за голем број на болести.
Важно е да се знае дека треба да се берат зрели, црни зрна бозел, бидејќи зелените плодови се отровни.
Ефикасниот црн бозел треба да е мек и темен. Може да се зема и исушен.
Од вечерта накиснете 15-20 исушени зрна (ги има во билните аптеки) со малку вода, а следното утро исцедете и испијте го овој напиток на гладно.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.