Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро ЗабаваРецепт за вкусна крем супа од карфиол

    Рецепт за вкусна крем супа од карфиол

    Крем супа од карфиол е одлична идеја за здрав и вкусен оброк или предјадење полн со хранливи состојки.

    Еве кои состојки се потребни за 6 порции крем супа од карфиол:

    • 1 лажица путер
    • 1 лажиче маслиново масло
    • 1 струк праз (само светлозелениот дел)
    • 1 мала главица кромид
    • 1 мала главица карфиол
    • вода
    • сол и бибер

    Начин на подготовка:

    Во големо тенџере со двојно дно, ставете ги путерот и маслиново масло да се загреат на средна температура.

    Потоа отстранете ја дршката од карфиолот и тенко исечкајте ја на кругови. Останатиот дел од карфиолот исечкајте го во форма на цветчиња и измешајте го со претходно исечканата дршка.

    Тенко исечкајте ги и празот и кромидот и додадете ги во тенџерето. Пржете околу 3-5 минути, односно сѐ додека не омекнат. Додадете ¾ од карфиолот, а остатокот зачувајте го за подоцна. Зачинете со сол и бибер, а потоа пржете околу 5 минути.

    Додадете доволно вода, така што ќе го покрие тенџерето (околу 4 чаши) и ставете капак. Полека мешајте додека се вари, а откако ќе почне да врие, намалете ја температурата. Нека се вари со мешање уште 45 минути.

    Додадете го преостанатиот дел од карфиолот и варете уште додатни 15 минути, или додека не омекне.

    Направете пире од супата користејќи блендер. Во случај на преголема густина, додадете вода.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img