Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

More
    домаАгро ВестиПо 43 години вкрстување, создадена е нова кинеска раса говеда - Хуакси

    По 43 години вкрстување, создадена е нова кинеска раса говеда – Хуакси

    Хуакси – Се карактеризираат со брз раст, добар рандман при колење, висока отпорност на стрес и добри репродуктивни перформанси.

    Кинески научници создадоа нова сорта говеда, а резултатите ги надминаа очекувањата. На 9 август оваа година, Институтот за наука за животните на Кинеската академија за земјоделски науки (IAS CAAS) објавил успешно завршување на одгледувањето и селекцијата за да се создаде кинеска раса говеда наречена „Хуакси ниу“ или говеда Хуакси.

    Таа веќе е регистрирана во кинеските генетски ресурси на 1 декември 2021 година. Генетските, размножувачките и селекционите истражувања за развојот на оваа раса започнале во 1978 година, па траеле 43 години.

    Карактеристичен изглед

    Говедата Хуакси се создадени со вкрстување на машки генетски материјал од расите Симентал и Санхе, женските раси Симентал и Шаролаи и монголски говеда од регионот Вулагај (автономна област Внатрешна Монголија).

    Со нивно мешање е создаден нов добиток кој има карактеристичен изглед. Бојата е кафеаво-црвена или жолта, со некои бели полиња. Главата е бела со црвено-жолт ореол околу очите. Нозете, копитата, опашката и стомакот се целосно или делумно бели. Биковите се мускулести, а кравите имаат добро развиени вимиња, се со благ карактер и добро се однесуваат со своето потомство.

    Добри производствени параметри

    Се карактеризираат со брз раст, добар принос при колење, висока отпорност на стрес и добри репродуктивни перформанси. Возрасните бикови тежат 936 килограми, додека кравите се малку полесни, околу 575 килограми.

    Тежината на животните за колење на возраст од 20 до 24 месеци е 690 кг. Тежината на труп е 430 килограми, а индексот на содржина на месо е 54 отсто. Просечната дневна добивка на добитокот на возраст од 12-18 месеци е 1,36 kg на ден, додека највисоката дневна добивка е 1,86 kg на ден.

    Цврсти и прилагодливи говеда

    Научниците успеаја да создадат добиток отпорен и прилагодлив на различни климатски услови во Кина, се наведува. Можат да се одгледуваат во степи, рамнини, но на благи планински падини. Планот е до 2025 година да се испорачуваат околу 400 бикови годишно, а до 2027 година да се зголеми бројот на оние за оплодување на 500 годишно. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img