домаАгро ВестиМанифестација во Прилеп: Како да се „бие“ млекото?

Манифестација во Прилеп: Како да се „бие“ млекото?

Prokredit baner

Во Прилеп, кај градскиот саат денеска се одржува манифестација „Млеко 2022“.

Оваа манифестација е за промоција, презентација на домашното млекопроизводство, на млечните производи. Проследена со дискусии за исплатливоста и начинот на производството и развојот на младите сточари, производители и семејни фарми.

Семенарна хоризонтален банер

Манифестацијата е под мотото „Како да се „бие“ млекото?“. Организатор е „Слоу Фуд Прилеп“ со поддршка од националната организација „Слоу Фуд Македонија“. Како и со поддршка на Министерството за земјоделство и на општина Прилеп.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Ова е биенален настан, посветен на автохтоните млекодајни раси на домашни животни и млечни производи произведувани на семејните фарми, бачила, мандри и мали производства.

Четвртото издание (двапати во Скопје и еднаш во Битола) е со цел преку примерот на автентичното биено сирење, кое ги отсликува нашата традиција и историја. Да се отвори дебата за важните прашања околу иднината на нашето сточарство и на млекарството.

Тигар лого гиф

На манифестацијата присуствуваат сточари, млекари, мандраџии, експерти, претставници на институции, студенти и активисти од здруженија. Како и сите оние што сакаат да им се слушне гласот, да презентираат и да уживаат во веселата дружба и во различноста на вкусовите.

Програмата на „Млеко 2022“ ќе понуди изложба и пазар на сирења и на други производи од преку 25 производители. Панел дискусии, изложби, детско едукативно катче, културно-уметничка програма.

Petel.mk

Ова е можност да им се даде видливост на младите млекари, малите семејни сточарски фарми и нивните се повеќе уникатни сирења и млечни производи.

Манифестацијата започна во 10 часот и ќе трае до 18 часот. Почна со изложба и пазар на млечни и други производи, а ќе заврши со изложба на млекарска опрема и со музичка програма.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img