Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаситеПридобивки од сокот од капини

    Придобивки од сокот од капини

    petel baner

    Прекрасен вкус и вистинско богатство на здравјето – така накратко може да се опише сокот од капини.

    Сокот од капини покрај тоа што е многу вкусен и освежителен пијалак, тој е и многу здрав.

    Зошто сокот од капини е добар за здравјето?

    Ќе ви го оживее организмот, ќе го зајакне имунитетот и ќе делува превентивно против разни болести, а се верува дека ова вкусно овошје има и моќно антиканцерогено дејство.

    Одличен е за крвна слика и срце

    Една чаша од овој сок содржи речиси 700 mg калиум. Тоа е феноменален природен лек за целосниот кардиоваскуларен систем. Посебно се препорачува да се пие сок од капини за анемија, бидејќи покрај калиум содржи и железо.

    Го зајакнува имунитетот подобро од суплементите

    Она што очајно му треба на одбранбениот систем на вашето тело се фолатите. Станува збор за витаминот Б9, кој е тешко да се најде во поголеми количини кога е храната во прашање. Сепак, ова овошје е преполно со оваа многу потребна супстанција. Во една чаша се наоѓаат дури 108 микрограми фолати.

    Го чисти телото од токсини

    Ова вкусно овошје содржи големи количини на антоцијани, моќен природен антиоксиданс. Интересно е што токму тој им ја дава на тие бобинки нивната карактеристична темна боја. Затоа, сокот од капини може да се користи за детоксикација на целиот организам, со што ќе се спречи појавата на бројни болести.

    Одличнен за воспаленија

    Застапен е и витаминот Ц, полни 90 mg во 2 dl од овој пијалок, што практично претставува 100 проценти од дневните потреби! Ќе помогне во заздравувањето на воспаленијата, но и ќе ја зачува еластичноста на кожата, тетивите и крвните садови.

    Ја ублажува болката и ги намалува тешките менструации

    Agrobot

    Капините се природен сојузник на сите жени, особено кога има проблеми во текот на циклусот. Често може да се појават болки и грчеви, кои се навистина непријатни, а често и обилно крварење. Ако го пиете овој напиток, ќе се лишите од тие појави, бидејќи поволно делува на крвта, но и на самата матка.

    Елиминира дијареа и запек

    Сокот од капини е неспорен во решавањето на проблемите на цревата. Многу брзо го хидрира целото тело и ја регулира работата на дигестивниот тракт, а по само една чаша од овој напиток ќе почувствувате подобрување. Покрај тоа, тој е ефикасен и против запек, како и надуеност во долниот дел на стомакот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ги зајакнува коските и спречува остеопороза

    Веќе споменавме дека ова овошје содржи калциум, а познато е дека е минерал кој е многу неопходен за раст, развој и зачувување на коскеното ткиво. Со сигурност можеме да кажеме дека овој пијалок е меѓу најдобрите домашни лекови за оваа намена. Затоа, слободно пијте сок од капини за здравје на коските и ќе ја избегнете остеопорозата, а доколку сте доживеале скршеница ќе ви помогне побрзо да заздравите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img