Цвекло – зеленчук кој изобилува со хранливи материи и содржи многу корисни состојки што го подобруваат здравјето.
Сокот од цвекло е многу здрав напиток кој содржи многу витамини, минерали и органски киселини.
Затоа, почнете редовно да пиете сок од цвекло кој претставува вистински еликсир за здравје.
Сок од свежо цвекло
Поради лековитите својства, цвеклото се препорачува и при тешки заболувања. Со варењето се губи дел од лековитата моќ, па најдобро е да се пие свеж сок. Кај потешки заболувања треба да се пие од половина до еден литар сок дневно, а по подобрувањето количеството треба да се намали на 250 грама.
Од еден килограм цвекло се добива околу 700 милилитри сок. Цвеклото треба да се излупи, ситно да се изренда и да се прелее со сок од лимон и мед. Откако малку ќе отстои, сокот треба да се пие малку по малку, во текот на целиот ден.
Сокот од цвекло секогаш треба да се пие додека е свеж. Ако приготвите поголема количина, се чува во фрижидер и најдобро е да се потроши во следните 24 часа, а најдоцна до 3 дена од приготвувањето. Со секое одминување на времето, сокот ги губи лековитите својства.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.