Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаАгро советиОсновни правила за одгледување гуски

    Основни правила за одгледување гуски

    petel baner

    Гуски – припаѓаат на семејството патки, постојат диви и питоми гуски, а одгледувањето на питомите, или како што уште се нарекуваат домашни гуски, сѐ повеќе е застапено.

    Најчесто гуски се одгледуваат во предели покрај река, затоа што таквите услови најмногу им одговараат.

    Производите како што се месо, јајца, маст или пердуви, особено се ценат на пазарот и за нив има поголема побарувачка, која во одделни случаи претставува и главен мотив некој да се одлучи да чува гуски.

    Првата занимливост поврзана со овие птици е дека постојат над 50 различни видови гуски. Повеќето од нив се добиени со вкрстување на два различни вида.

    Доколку некој се одлучи да се впушти во процесот за одгледување гуски, првото што треба да го стори е да се запознае со основните и најважни правила за нивно чување.

    По правило и по природа гуските главно се сметаат за отпорни животни. Сепак тие бараат одредени услови за да можат правилно да се развиваат, да бидат здрави и да се размножуваат.

    Прв и основен услов е секако да имаат пристап до ливада, односно пасиште, затоа што нивната главна исхрана е токму пасењето. Во периодот од годината кога поради временските услови е невозможно да имаат пристап до ливада или пасиште, тогаш се користи прихрана. Таа се состои од житарки и добиточна храна.

    Конкретно, за една гуска дневно е потребно да се обезбедат од 250 до 300 грама мешавина од житарки и добиточна храна.

    Ваквата мешавина се користи и за исхрана на гуските за време на гоењето, а целта е гуската пред колење да достигне тежина до седум килограми. Периодот на гоење може да трае околу триесетина недели. Во тој период, најдобро е вкупното количество храна да се подели на два дела и гуската да се храни наутро и навечер.

    Неопходно е да се обезбеди и свежа вода, а одделни одгледувачи предлагаат и обезбеден пристап до ситни каменчиња. Гуските, како и преостанатата живина, ја имаат таа особина повремено да клукаат и да голтаат ситни камчиња. Тие им помагаат во олеснување на процесот на варење на храната.

    Agrobot
    Свежата вода е втор важен фактор неопходен за успешно одгледување на гуски. Треба да се проверува дали имаат доволно вода. Редовно да се менува и да не се дозволи да се замати.

    Треба да се формира идеален простор во кој гуските ќе можат да престојуваат помеѓу две пасења. При што, многу е важно тој да биде покриен со натстрешница. Како и отпорен на неповолни временски услови, како што се силен ветер, дожд, снег или мраз. Во внатрешноста е потребно да има и удобни легла.

    Периодот од крајот на јануари па до крајот на февруари е време за парење. Тогаш јатата треба да се групираат, така што на еден мажјак (гусак), одат пет гуски.

    Секоја гуска положува од 10 до 15 јајца, а потоа лежи на нив. Во генетиката на гуските им е да се грижливи и пожртвувани родители. Па така и во периодот на лежење врз јајцата, не би требало да има некои тешкотии.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Гуската лежи врз јајцата 30 дена, а потоа се излегуваат младите. Како и возрасните и тие се отпорни и за нив е карактеристично тоа што многу брзо и лесно напредуваат.

    Само за неколку месеци гуската може да достигне тежина и до пет килограми.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img