Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиМерка за засилен отстрел на диви свињи за запирање на болеста

    Мерка за засилен отстрел на диви свињи за запирање на болеста

    petel baner

    Започната е ловната сезона на диви свињи во сите ловишта освен во Македонска каменица, Виница, Кочани и Делчево како места каде имаше жаришта од африканска чума. 

    Министерството за земјоделство донесе решение за засилен отстрел на диви свињи. Со акционен план како дел од мерките за спречување на ширењето на болеста африканска свинска чума. Болеста главно се шири преку дивечот, кој слободно се шета и ја пренесува болеста.

    Сега на потег се ловџиите кои треба да помогнат да се спаси домашното производство на свињи. Тоа целосно го задоволува домашниот пазар, а сега е под сериозна закана од дивечот. Исто така и од несовесните одгледувачи на по неколку свињи во своите дворови. Беа забележани два случаи како од зона жариште каде ја има болеста преку ноќ се пренесуваа маторици и прасиња во други региони и така дополнително се ширеше болеста.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Веќе е формирано координативно тело во кое се вклучени сите релевантни институции, науката и директните производители на свинско кои даваат свои предлог мерки за подобра заштита.

    Болест која воопшто не е опасна за човекот туку има економско негативно влијание врз сточниот фонд и која три години ја имаше зад границата со Бугарија и Србија. Прв пат се појави на почетокот на годината во јануари во село Драмче, делчевско. Потоа по пауза од половина година, повторно се појави со 6 нови жаришта најпрво во Македонска каменица па потоа и во кочанско виничката котлина.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Досега како мерка за заштита околу жариштата не штетено се погубени 2153 свињи од неколку села. Се уште во тек е мерката за економско искористување на свињите во зоната од 10 километри околу жариштата.

    Ова само покажува колкави можат да бидат штетите по домашната економија, ако и овој пат мерките за засилен отсрел на дивите свињи останат на хартија. Како што тоа беше случај пред 3 години кога имаше и владина одлука која ловџиите на ја почитуваа.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img