Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро советиОдгледувајте ѓумбир во вашиот дом

    Одгледувајте ѓумбир во вашиот дом

    Ако копнеете по вкусовите на тропските предели и живеете во стан, постои начин да одгледувате млад ѓумбир во вашиот дом. Покрај тоа што коренот на ова растение можете да го користите за чај или за правење супа, неговите листови можат совршено да внесат свежина во просторијата во која живеете. Иако во повеќето продавници има делумно исушен и стар корен од растението, тој може да се конзумира додека е уште млад.

    Изберете добар ѓумбир

    Купете ѓумбир со големина колку вашиот палец, но погрижете се да има неколку испакнатини на него. Овие се всушност пупки од ѓумбир. Кората на пупките треба да биде потенка и полесна.

    Како и компирот, ѓумбирот е хемиски третиран за да се спречи ‘ртење додека се уште е во супермаркет, што значи дека дури и кога ќе го купите, нема да никне. Затоа, најдобро е да изберете ѓумбир кој се произведува органски.

    Успешно одгледувајте ѓумбир во вашиот дом

    На ѓумбирот му треба малку време за да почне да расте. За да се забрза неговиот раст, најдобро е да се засади со стаклена покривка, а дното на саксијата да содржи дупки низ кои ќе истекува вишокот вода.

    На дното ставете 2,5-5 сантиметри земја за садење, а над семињата додадете околу 1,5 сантиметар земја. Добро наводнете , ставете го капакот, но не спречувајте довод на воздух во растението.

    Чувајте ја температурата на почвата на околу 21 Целзиусов степен, но за да биде влажна на допир, полевајте само кога почвата е целосно сува. Ѓумбирот ќе никне во период помеѓу 6 и 8 недели.

    Грижете се за вашиот ѓумбир правилно

    На ѓумбирот му требаат многу хранливи материи и вода, но уште повеќе простор за да расте. За да го произведете, треба да изберете контејнер со добра дренажа, плодна почва и да го ставите ѓумбирот со големина на палецот во земја, но со врвот на пупката да се држи надвор од почвата.

    Кога расте надвор од земјата,  неговите пупки стануваат зелени. За да се обезбеди брз раст, наводнувајте го и прихранувајте редовно.

    Наберете здрав и вкусен ѓумбир

    Фатете го растението под листовите каде што се сретнува со земјата и извлечете го заедно со корените. Отсечете го делот од коренот што ви треба, а остатокот вратете го во саксијата. Покријте го со земја или компост, добро наводнете и за неколку дена растението ќе закрепне.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img