домаАгро ЗабаваПиењето чај може да ја намали смртноста

Пиењето чај може да ја намали смртноста

Pneumatik baner

Пиењето чај потенцијално доведува до помала смртност, покажува истражувањето од кое резултатите се објавени во списанието Annals of Internal Medicine.

Во споредба со ние кои не пијат чај, оние кои консумираат една до две шолји секој ден имаат меѓу 9 и 13 отсто помала смртност, тврдат научниците.

Нивното истражување покажува дека резултатите остануваат исти и доколку тоа лице пие кафе, додава млеко или шеќер во чајот. Сето ова независно од температурата и генетската способност на метаболизмот да го свари кофеинот.

Семенарна хоризонтален банер

Истражувачите од британската институција National Institutes of Health (NIH) користеле податоци за половина милион мажи и жени. Тие биле на возраст меѓу 40 и 69 години, од кои 85 отсто секојдневно пијат чај. Дури 89 отсто од пијат црн чај, кој е најпопуларен во Велика Британија.

Тигар лого гиф
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Фернандо Родригез Араљехо, професор по превентивна медицина и стручњак за јавно здравство при универзитетот во Мадрид, во рецензијата го опишува ова истражување како „значаен напредок во оваа област“.

Истакнува дека истражувањето покажува умерено намалување на смртноста кај оние коишто консумираат чај, особено доколку боледуваат од кардиоваскуларни болести.

petel baner

Меѓутоа, предупредува дека не може со стопроцентна сигурноста да каже дека чајот е исклучиво причината за намалување на смртноста. Бидејќи не може да се исклучи дека за тоа се заслужни други здравствени фактори поврзани со консумирањето на чај.

Второто прашање коешто останува неодговорено е дали траба луѓето кои не пијат чај, да почнат тоа да го прават за да го подобрат своето здравје. Затоа што овој податок бара ново истражување.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img