Трнинка е лековит дар од природата кој во себе содржи многу лековити својства, а е доста е застапена и во нашите краеви.
Плодовите трнинка содржат и многу антиоксиданси и го зајакнуваат имунитетот.
Трнинката ја прочистува крвта и одлична е за празнење на цревата, како и за излачување пот и урина, па затоа е препорачлива за олеснување на болките од гихт поради наталожените штетни материи на зглобовите.
Од плодовите се прави чај, мармалад, сок, ликери, тинктури.
Цветовите се бели, единечни, многу ароматични и многубројни. Цвета во мај – април, а плодот зрее во септември – октомври.
Плодовите се берат кога се зрели и можат да се користат и свежи, но препорачливо е да ги користите исушени. Се чуваат во хартиена амбалажа.
ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА
Чај од цветови на трнинката се користат против зголемена простата и против болести на уринарните патишта.
Коренот од трнинки порано се користел за лекување грозница. Чајот од цветовите на трнинките помага при воспаление на белите дробови и бронхитис.
Плодовите се користат при заболување на органите за варење, лекуваат ефикасно проливи, помагаат при воспалување на тенкото црево. Ги намалуваат крварењата и воспаленијата, ефикасни се за лекување на хронично воспаление на дебелото црево. Притоа се намалува крварењето, грчевите и болките и се проретчува столицата.
Плодовите можат да се користат и во стоматологијата за лекување на болни непца.
Бидејќи во себе содржи големо изобилство на витамин Ц и железо, таа е извонреден лек за слабокрвност, анемија и за јакнење на организмот.