Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЕсенски плодови корисни за вашето здравје

    Есенски плодови корисни за вашето здравје

    petel baner

    Есента како годишно време е богата со вкусни плодови, одлични за здравјето.

    Есенските плодови се природен извор на фитохемикалии, кои всушност им го даваат пигментот на овошјата и зеленчуците. Тие неретко имаат позитивно влијание врз нашето здравје.

    Поради тоа, секогаш консумирајте разнобојни плодови бидејќи на тој начин, на вашиот организам, ќе му обезбедите вистинска ризница од вредни фитохемикалии.

    Otkup na kompiri

    Киви е одличен извор на витамин Ц. Само еден плод од ова овошје во себе содржи дури 120% од препорачаната дневна количина за овој витамин. Неговата енергетска вредност е ниска, па затоа се смета за одличен диететски производ. Кивито се препорачува да го јадат сите луѓе, а особено оние кои имаат слаб имун систем и висок притисок.

    agrounik

    Мандарината има бројни состојки кои го бранат нашиот организам од болести, како што се витамините А и Ц. Не случајно мандарините созреваат во периодот на настинките и вирусите. Затоа препорачливо е да се консумира и како превенција од грип. И што е најважно – мандарините нема да ја загрозат вашата линија.

    Костенот во однос на другите јаткасти плодови, се разликува по малото количество масти кое го содржи и големото количество скроб. Воедно, тој е и единствен јаткаст плод, кој содржи витамин Ц, а освен тоа е богат и со витамин Б6, калиум и фолна киселина.

    Оревите содржат голема количина масти и поради тоа се сметаат за вистинска енергетска бомба. Важно е да се напомене дека станува збор за полинезаситени масти, кои се пожелни да бидат составен дел од исхраната на секој човек.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кога станува збор за јадење грозје, може да се наведат цела низа позитивни влијанија врз човековото здравје. Особено врз кардиоваскуларниот систем. Важен минерал кој е составен дел од грозјето е борот.Ссоодветна количина од овој минерал, е многу важна за одржувањето здрави коски.

    Пченката е нутритивно вредна намирница, која не го оптоварува организмот со вишок калории, со оглед на тоа што едно клавче, содржи од 80 до 100 калории. Богата е со јаглехидрати и содржи малку масти, поради што претставува извор на енергија. Освен тоа, пченката содржи и витамини Б1, Б5, Ц, фолна киселина, фосфор, калиум и магнезиум.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img