Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

8.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаситеЧај од маточина за добро располежение и спокоен сон

    Чај од маточина за добро располежение и спокоен сон

    petel baner

    Маточина е растение со исклучително лековито дејство, а може да се одгледува во градина или на тераса во саксија.

    Чај од маточина се користи против киселина во желудникот, надуеност, лошо варење, гадење, богат е со антиоксиданси. Исто така овој чај ќе ве ослободи од стрес, несоница, нервоза и анксиозност.

    Има вкус и мирис на лимон, а во традиционалната медицина се користи и за разни заболувања. Од здравје на дигестивниот тракт до зараснување на рани, како и за одржување на здравјето на срцето.

    Листот од маточина или пчелинок, како што уште ја нарекуваат, има седативно, противвоспалително и антивирусно дејство.

    Се препорачува за подобар сон, за подобрување при варењето на храната, смирување на симптомите на мачнина и повраќање, стресни состојби, при главоболки, при настинки и при состојби на нервна напнатост.

    Маточината е благ, добар и пријатен лек кој се користи при проблеми во системот на органите за варење. Против надуеност на цревата, желудочни тегоби, гадење, повраќање и против дијареја).

    Agrobot

    Утринските мачнини кај многу трудници може значително да се намалат или да се проретчат доколку се употребува по една чаша свежо приготвен чај од маточина, два пати во текот на денот, наутро и навечер.

    Поради присуството на танини во неговиот состав, овој чај со право може да се употребува против пролив, особено кај децата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Како да приготвите чај од маточина:

    Се зема една супена лажица листови од маточина и се става во 2 дл вода да зоврие, врие 5 минути и се остава 15 минути да отстои. Се пие секогаш свежо подготвен.

    Истражувањата покажуваат дека маточината е водечко растение за смирувачки, мирен и квалитетен сон. А, многумина го нарекуваат и растение за „емоционално исцелување“.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img